Поетски 77.роденден на Цветин

191

Својот 77. роденден, познатиот уметник и хуманист Живко Поповски Цветин, го прослави со цветна манифестација,на која освен својот роденден го чествуваше и 2 октомври, роденденот на Махатма Ганди, Светскиот ден на ненасилство и Светскиот ден на насмевката.
Прославата, во паркот во Капиштец во близина на неговиот дом, помина во знакот на цртање и подарување цветни цртежи, читање поезија посветена на Цветин од авторот Горан Анчевски и Валентина Ѓоргиевска Парго, како и симболично одиграна шах партија со шаховскиот велемајстор Димитар Илиевски.


куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.