Музејот на современата уметност во Скопје домаќин на МОМус од Солун

53

Современата уметност ги отвори границите меѓу Македонија и Грција
Музејот на современата уметност во Скопје, за првпат во историјата е домаќин на Музејот на современа уметност „МОМус“ од Солун, соседна Република Грција.

На 27 септември (петок) со почеток во 20 часот, ќе биде отворена голема постановка со  наслов „Дали сум јас тоа име или таа слика?“ (Am I That Name or That Image?). Ова е прво претставување на солунскиот Музеј на современа уметност пред македонската публика со дела од нивната колекција. Колаборацијата меѓу двата музеи не претставува само културна размена, туку ја степенува
важноста и за поширока билатерална соработка меѓу Македонија и Грција и е од огромно значење за двете земји.

Во МСУ ќе бидат изложени дела од 16 автори меѓу кои: Fillipo Berta, James Bridle, Fenia Kotsopoulou, Kuriaki Goni, Vladan Jeremic и Rena Radle, Majida Khttari, Marianna Ignataki, Oleg Mavrommati и Boryana Rossa, Virginia Mastrogiannaki, Eleni Mylonas, Natasha Papadopoulou, Marilou Poncin, Vivy Tsioga, Ira Valdron, Evangelia Basdekis, Alexandros Plomaritis…

Паралелно со главната програма на 28 септември предвидена е серија перформанси на уметниците Tomas Diafas, Alexandros Plomaritis и колективот I Broke the Vase – Eva Matsigkou i Nefeli Sani. Во Скопје пристигнуваат кураторката на изложбата Сираго Цијара со нејзиниот тим како и  дел од уметниците : Alexandros Plomaritis, Tomas Diafas, Eva Matsigkou, Nefeli Sani, Rena Radle и Vivy Tsioga.

Инаку минатата година беше во работна тим на МСУ беше во посета на колку водечки институции од областа на современата уметност во Солун и  разговараа за можни идни соработки со конкретни предлози за размена, истражување и изложување. Пред се заради тоа штодвата музеи се фокусирани кон современото уметничко визуелно творештво и имаат автентични колекции, кои покриваат важни периоди од светската уметност на 20от век.

Паралелно со изложбената програма се направија и планови за реализација на летна школа за млади уметници и куратори од регионот, како и за заеднички настап при конкурирање на соодветните фондови во ЕУ и други меѓународни структури.

На 18 јули оваа година МСУ – Скопје во МОМус – Солун ја отвори изложбата „Се што ни е заедничко“ со дела на 14 уметници од Југоисточна Европа. Куратори на изложбата беа Мира Гаќина и Јованка Попова, а истата беше соработка меѓу двата музеи, како дел од пошироката заедничка програма на МСУ Скопје со институции и музеи од регионот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.