На 17 и 18 ноември: Втор годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво

41

Националната платформа за женско претприемништво, Проект Кофинансиран од ЕУ, во соработка со Здружението на бизнис жени на Македонија, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување –МИР и Сојузот на стопански комори на Македонија, го најавува ВТОРИОТ САМИТ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО НАСЛОВЕН КАКО „ИНСПИРАТИВНА ИДНИНА“
Самитот ќе се одржи на 17 и 18 ноември 2022 година од 9 и 30 до 15 и 30 часот, во Рагуза 360-Rooftop.
После свеченото отварање, кое ќе биде во присуство на претставници на државните инситуции, заменик министерот во Министерството за економија, Зоран Маневски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукарервска, како и претставник на Канцеларијата на ЕУ Делегацијата, за Самитот ќе зборуваат Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа и претседателка на Здружението на бзинис жени, Габриела Костовска Богоеска, извршен директор на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на Стопански комори на Македонија.
По свеченото отворање, ќе бидат доделени наградите за најдобри претприемачки во микро, мали и средни претпријатија, кои Платформата ги доделува во соработка со Министерството за економија.
Самитот во својата програма има вклучено четири Панел дискусии во кои целокупниот фокус е женското претприемништво, предизвиците со кои се соочува, добрите домашни и странски практики , ќе се даде насоки за многу важното младинско претприемништво, како и ќе бидат преставени документи за креирање на политики, со секторите на финансии, жените во дигиталниот свет а ќе биде претставен и Барометарот за 2022 година за женско претприемништво. Една панел дискусија ќе биде посветена на формирање на Совети за женско претприемништво на лолакно ниво, на која што ќе присуствуваат градоначалниците од Вевчани, Кратово, Карпош, дел од Општините каде се веќе формирани Советите.
Вториот ден на крајот од Самитот се организирани две работилници за финансии и финансиски менаџмент, на кои ментори ќе бидат Сашо Велковски и Александар Целевски.
Тимот на НПЖП, вториот ден ќе ги додели и двете награди за Најдобра млада лидерка и за Граѓански организации -добри практики.
Настанот почнува на 17.11.2022 во 10 часот со свеченото отворање.

Прв ден: 17.11.2022 (четврток)
Вмрежување, размена на искуства & креатори на политики
09:30 – 10:00 Регистрација на учесници
10:00 – 10:30 ОТВОРАЊЕ НА САМИТОТ
Поздравно обраќање

● Г-ѓа Елисбета Георгиева – Програмски менаџер – Операции 1, Делегација на Европската Унија
● Г-дин Зоран Маневски –Заменик Министер за економија
● Г-ѓа Сања Лукаревска – Директор на Управа за јавни приходи
● Г-ѓа Валентина Дисоска – Претседател на Здружение на бизнис жени и на Националната платформа за женско претприемништво
● Г-дин Трајан Ангелоски – Претседател на Сојуз на Стопански комори на Македонија
● Г-ѓа Габриела Костовска Богоеска – Извршен директор на Фондација за менаџмент и индустриско истражување
10:30 – 11:00 Свечено доделување на национална награда:
„ИЗБОР НА ЖЕНА – ПРЕТПРИЕМАЧ НА ГОДИНАТА 2022”

Обраќање на наградените жени претприемачи
● Жена претприемач избрана за најдобрa жена претприемач во категоријата микро компании
● Жена претприемач избрана за најдобра жена претприемач во категоријата мали компании
● Жена претприемач избрана за најдобри жена претприемач во категоријата средни компании

11:20 –12:00 Панел 1: Локални достигнувања во креирање на политики за развој на женско претприемништво
Панел дискусија на градоначалниците како водечки личности во креирањето на локални совети за женско претприемништво

● Г-дин Тодорче Николовски – Градоначалник на општина Кратово
● Г-дин Стевчо Јакимовски – Градоначалник на општина Карпош
● Г-дин Костадин Костадинов – Градоначалник на општина Струмица (online)
Г-дин Спасе Кочовски – Градоначалник на општина Вевчани
13:30 – 14:10 Панел 2: „Меѓународни искуства и успешни приказни во поддршка на женското претприемништво”
Панел дискусија на меѓународно и регионално ниво
● Г-ѓа Аида Зубчевиќ – Претседател на Здружение на бизнис жени од Босна и Херцеговина и сопственик на Фаведа д.о.о
● Г-ѓа Berrin Kuleli – Vice President of KAGİDER – Women enterprenership association of TURKEY and founder of Piramit Danismanlik.
● Г-ѓа Љубица Костиќ Букарица – Претседател на Здружение на бизнис жени од Црна Гора и сопственик на Маскоде д.о.о
● Г-ѓа Ianina Cozari – journalist, Press Club Brussels
14:10-15:10 Панел 3: Добри практики за интернационализација на бизнисите водени од жени
● Г-ѓа Катерина Аџиска Јовановска – генерален директор на ФИТОФАРМ
● Г-ѓа Влора Адеми – Ко-основач и извршен директор на Digicube
● Г-ѓа Јасмина Чанева Лазовска – Основач и менаџер на МК Вера Монд
● Г-ѓа Марија Ристеска – Координаторка за политики на ЕБРД програмата за жени во бизнис во Западен Балкан

Втор ден: 18.11.2022 (петок)
Препораки за политики за дигитализација & пристап до финансии
09:30 – 10:00 Регистрација на учесници
10:00-10:40 Национална платформа за женско претприемништвото – цели, резултати и идни чекори
● Г-ѓа Емилија Андонова, Фондација за менаџмент и индустриско истражување – НПЖП Барометар 2022 – Преглед на потребите на жените претприемачи
● Г-ѓа Мими Шушлеска Петкова, Сојуз на Стопански Комори – Препораки на тематската група ,,Пристап до финансии”
● Г-дин Ристе Темјановски – Презентација на документ за политики „Жените претпремачи во дигиталниот свет: како да се премости родовиот јаз“
● Г-ѓа Елена Блажевска, Здружение на бизнис жени – Идни чекори и активности на НПЖП

10.40 – 11.00 Доделување на награди од проект
● Најуспешна млада лидерка
● Граѓански организации – добри практики
11:20 – 12:00 Панел 4: „Младите и претприемништвото, можност и предизвици ”
● Г-дин Андреј Стојкоски – Член на Управен одбор на НМСМ
● Г-ѓа Билјана Стојческа – Програмски координатор, Младински сојуз Крушево
● Претставник од Агенција за млади и спорт
● Г-ѓа Неда Икономова – Фонд за иновации и технолошки развој
● Претставник од Извиднички одред “Феникс” Прилеп
12:00-13:00 Работилница 1: Финансиски менаџмент
14:00-15:00 Работилница 2: Обезбедување на финансии/односи со инвеститори
15:00 – 15:30 Заклучоци и затворање на самит

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.