На 4.април онлајн премиера на документарниот филм за актерката Анче Џамбазова

913

Во Програмата на  Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ на  последното издание на Фестивалот  во септември 2019-та, првпат беше воведена наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ во чест на една од најголемите наши актерки, која важеше и за мајстор на комедијата. Во рамки на Програмата беше премиерно емитуван документарниот филм за актерката Анче Џамбазова.

Филмот пред пошироката јавност ќе биде емитуван онлајн на 4 април, сабота, со почеток во 20 часот на јутјуб-каналот на кој се емитуваат претставите на Театар „Комедија“.

Режисер на документарниот филм е Миле Гроздановски, а сценарист и асистент на режија е Гоце Трајковски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.