И додека сите изолирани или полуизолирани се справуваме со новата вирусна опасност дојде и оваа година неочекуван снежен Први април. Инаку први април е Светски ден на шагата кој се слави во целиот свет. Тој е 91-от ден од годината по Грегоријанскиот календар а до крај на годината има уште 274 денови.
Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.
Овој ден е симбол на Шегата, затоа што се слави во најразлични земји од целиот свет. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги,како и многу маски а најбројни се маскираните деца кои овој ден го поврзуваат со ликовите кои најмногу ги сакаат ,па се маскираат како нив.
Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обидинетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и некој кој е најпознат шегаѓија после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат. Во други земји како Франција,Италија, Јужна Кореа, Јапонија, Русија, Холандија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД , шегите траат цел ден.
Во Франција и Италија децата ( и возрасните, кога е соодветно) традиционално на грбовите еден на друг си лепат риби од хартија (на „Poisson d’avril! “ a на „Pesce d’aprile!“).
Најраната врска помеѓу Први април и шегата може да се најде во Кантерберските приказни на Џефри Чосер (1932). Многу писатели претпоставиле дека зад создавањето на овој празник стои враќањето на Први јануари како Нова Година, но оваа теорија не објаснува некои поранешни тврдења.
Претходници на Денот на шегата се римскиот фестивал Хиларија, кој се одржувал на 25 март и средновековниот Фестивал на шегата, кој се одржувал на 28 декември и уште е ден на кој се прават шеги низ земјите во кои се зборува . Обичајот да се прават добронамерни шеги на соседите е обичај прифатен низ целиот свет.
Некои го поврзуваат со пасусот во англиската книжевност кој оригинално значел 32 дена после март, т.е. 2 мај, годишнината од веридбата на кралот Ричард II за Ана од Бохемија, која се случила во 1381. Имено, во приказната на Чосер, лисицата (на 32 март, односно 1 април) го насамарила суетниот петел.
Во средновековието, во голем дел од европските градови Нова година се прославувала на 25 март Во некои области на Франција, Нова година била празник кој траел една недела и завршувал на 1 април.