Natural Building Macedonia – И овој викенд работилници за градење со природни матријали

1152

Natural Building Macedonia организира Работилници за градење со природни матријали со : глина, вода и слама и овој викенд  ( 5 и 6 октомври) во Горно Соње.

-„Ако Ве интересира природното градителство и сакате практично да се запознаете со начинот на работа и придобивките од овој вид на градба дојди на работилница за градење со коб (глина,вода,слама) на 5 и 6 Октомври во Горно Соње. Ќе се дружиме, ќе работиме, ќе размениме идеи и знаење а во секој случај ќе се наполниме со позитивна енергија. Работилниците се од 10 часот до 18 часот. Потребно е да си донесеш удобна облека за работа, гумени обувки како папучи или чизми и пешкир. Ние обезбедуваме храна, сокчиња, кафе и нешто слатко за дополнување на енергијата. Секој кој сака да дојде може да се информира дополнително во инбокс (https://www.facebook.com/Natural-Building-Macedonia-2362540637155510/ ) и секако може да ни се приклучите кој ден сакате и во колку саат сакате. Пријавувањето е задолжително заради организација на работата “- велат во информацијата одговорните од Natural building Macedonia.

 

Дел од атмосферата од работилниците минатиот викенд низ фотографии.

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.