Октомвриска астро приказна – Месец на вагите, за многумина најдобриот хороскопски знак

1200

Вагата е знак за сите оние родени меѓу 23 септември и 22 октомври, или го имаат тој поднзак или пак овие личности да им се омилени.

Вагите  се управувани од Венера – планетата на убавината и љубовта. Тоа го објаснува нивното нежно зборување и убаво лице. Под таа доминација, Вагите сакаат да бидат опкружени со уметност, култура, убавина и хармонија.

Ако сте родени во овој знак, тогаш поради влијанието на Венера вие сте љубител на добрата храна и скапите работи.

Вагите  сакаат сè да биде балансирано, па не можат да поднесат неправда и конфликти. Понекогаш сте несигурни во своите ставови и многу често отстапувате од нив под притисок (попустливи се). Не секогаш нивното отстапување е поради тоа што се чувствувате победени. Многу често знаете да попуштите дури и кога знаете дека сте во право, со цел да избегнете конфликт. Вагите како никој друг знак сакаат да има мир и хармонија, објективност, праведност и затоа секогаш се борат за правда, па не залудно една од најомилените професии на вагите е правото како и  допломатијата, меѓународното право би бил нивниот најдобар професионален избор.

Во љубовната врска вагите се забавни и романтични. Знаат како да ги шармираат луѓето околу нив и длабоко во себе се борци. Вагата е знак спротивен на овен, симболот на индивидуалноста. Ако сте дел од овој знак  секогаш имате време за другите но, немојте да заборавите да одделите малку време за вас.

Што ќе им донесе овој октомври 2019-та на Вагите ?

Во љубовта -Вашата најубава сезона од годината продолжува и во октомври и затоа останете отворени за  роденденски прослави, за дружбите со пријателите, на романтичните моменти со саканиот во кои ќе бидете центар на неговиот свет… Октомври за вас секогаш е месец кога треба да се свртите кон себе и кон вашите желби и потреби.

Паровите ќе имаат многу хармонични и романтични моменти заедно. Комуникацијата ќе ви биде одлична, а либидото – зголемено.

Сонцето ќе го грее вашиот знак цели 23 дена во октомври . Ќе бидете во  центарот на вниманието сте, па не треба да  бидете скромни, истакнете ја вашата убавина и шармирајте го светот.

За да го направите тоа како вистински експерт, ќе ви помогне Венера, планетата на убавината и нежноста, која во првата недела ќе го полни со хармонија вашиот знак. Месецот ви дава можност за да ги направите посакуваните промени во надворешниот изглед и да уживате во тоа!

Уште една позитивна вест е преминувањето на сексапилниот Марс во вашиот знак на 4 октомври, што се случува еднаш на секои две години. Флертувајте и освојувајте, не само затоа можете, туку и затоа што ќе уживате во љубовните игри. Ако сте во врска ќе сакате сè да биде по ваше во претстојниот период, туку и така ќе биде, бидејќи партнерот ќе ви го овозможи тоа. Се што ќе барате ќе добиете . Ѕвездите му помагаат на Сонцето и овој месец “Се ќе биде можно за Вас “. Планетата на трансформацијата, Плутон, на 3 октомври ќе го прекине ретроградното движење во вашиот сектор на домот и семејството, смирувајќи ги бранувањата во него. Ако во изминатите пет месеци имавте проблеми со женски член од семејството, сега ќе му се радувате на прекрасниот меѓусебен однос. Односите со брачниот партнер исто така ќе им се подобрат на многу ваги.

На 8 октомври, Венера ќе се пресели во вашата 2-ра куќа на самодовербата, и ќе ви донесе многу убави интимни моменти со партнерот.

На 13 октомври, полната месечина ќе дојде во вашето седмо поле, носејќи пресвртни моменти и уште еднаш ќе ви докаже дека се е можно со неа.

Уживајте во љубовта овој месец со полна пареа.

 

Во работата-парите –  Овој месец многу можности се пред вас па затоа фокусирајте се на проектите кои ви се драги вам и кои ви ја будат љубовта кон работата. Во првите три недели од месецот, Сонцето ќе патува во вашиот знак, а на 4 октомври таму ќе пристигне и енергичниот Марс.

Октомври не е месец кога треба да молчите, туку кога треба да го кренете вашиот глас и да ја пренесете вашата порака. Дека гласот ќе ви биде моќен и влијателен во деловниот свет, говори и фактот дека на 3 октомври комуникативниот Меркур ќе започне патување во вашата 2-ра куќа на работа и парите. Во овој период некои ваги ќе добијат неодолива понуда за работа.

Финансиската состојба значително ќе ви се подобри во последната недела од месецот, кога Сонцето ќе започне да патува во шкорпија. Нови почетоци на професионален план ви претстојат на 28 октомври, кога ќе настапи млада месечина во вашата 2-ра куќа.

Здравје

Грижата за себе ќе ви биде приоритет месецов и ќе промените многу навики за да се чувствувате здрави, силни и енергични.

Со  Сонцето и Марс во вашиот знак ќе бидете незапирливи, а огромната енергија нема да ве остави мирни ни за миг. Иако не ви изгледа така, но вистинско време е да почнете да посетувате некоја фитнес сала или да почнете да пешачите или планинарите, одржуваќи ја кондицијата и секако убавиот изглед. Одличен период за создавање рутини е последната недела од октомври.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.