Новелата „Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев, со промоција на третото издание

1298

Утревечер (среда ) 24.април во  „Булеварот на книгите“, на издавачката куќа „Матица Ексклузив“, ќе се одржи промоција на третото издание на новелата „Ласа“ од авторката Наташа Димитриевска Кривошеев.

На авторката, „Ласа“ и е прво дело (2010) и еве доживува трето издание, што е вистинска реткост во македонските изданија, децении наназад. Наташа Димитриевска Кривошеев, е автор на уште две дела: прекрасната „Девојко мала„, а минатата година го објави нејзиниот роман  „Пинокио и вештерката“.

Според информациите ова издание на  „Ласа“,  е збогатено со куса рецензија, како предговор на сега веќе покојниот академик Ташко Георгиевски, со што се збогатува самата приказна и добива уште поголема вредност. Книгата е надополнета со уште еден дел, кој најмногу наликува на божикен и велигденски бележник, за уште грст нежни и емотивни спомени, а во неа се поместени и некои од највпечатливите и најзначајни оценки, белешки и коментари на читателите за „Ласа“.

Авторката посочува дека поводот за реиздание на „Ласа“ е 10-годишнината од смртта на нејзината мајка, нагласувајќи дека нејзина улога е да ја промовира книгата што всушност ја напишала нејзината мајка.

Во последното наше интервју, за оваа новела Наташа ми кажа:„ “Ласа ” е семејна приказна што ја раскажа мајка ми преку мене. Во неа станува збор за голготата на Егејците (Македонци чии огништа останаа во делот на Македонија што i припадна на Грција со подeлбата од  тра ла лалала… итн). Посветена и е неа, на Ласа Скендерова, а е објавена по нејзината смрт во 2009 година. Тоа беше нејзина желба што не стигнав да и ја исполнам додека беше жива, затоа што небитните работи ги правев битни.

Ташко Георгиевски

Во предговорот академик Георгиевски го оквалификува делото како „потресна исповед и на мајката и на ќерката“. Во суштина, претставува своевиден прирачник за односот мајка-ќерка, кој, во третото издание, ќерката (авторка на книгата) уште повеќе го продлабочува, па така емотивната исповед добива нова димензија и на делото му додава посуптилна перспектива на разбирање на две мајки.

24.април (среда),  „ Булевар на книгите„ на Издавачот  Матица Екслклузив, од 19 часот! 

Пишува Т.Гогоска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.