Од 1-5-ти јули во Пустец-12-то издание на Македонско културно лето

681

Со претставата „Мечка“ од Чехов на Театар Комедија-Скопје во режија на Димче Николовски, на 1-ви јули во Пустец, Албанија, беше отворено отворено 12-то издание на Македонско културно лето.

На фестивалот кој се одржува на плоштадот „Гоце Делчев“, деновиве од 20.30 часот се играат вкупно пет театарски претстави од македонските театри.

Во вторникот на програмата беше претставата  „Умри машки“ од Николај Алдо во режија на Коле Неделковски и во изведба на театарот „Ацо Шопов“ од Штип. В среда  гостуваше ансамблот на Велешкиот театар со претставата „Црвенкапа“, адаптација на Сашо Димовски и режија на Деан Дамјановски, а вечерва  (четврток) ќе биде изведена „Мани, мани, мани“ според Реј Куни во режија на Бојана Краљевска и Горан Илиќ на Кумановскиот театар.

Фестивалот ќе заврши на утревечр на 5 јули со „Волшебната флејта“ на Русомир Богдановски во режија на Александар Ивановски на Театарот за деца и младинци, а по неа од 22 часот е свеченото затворање со доделување признанија.

Организатор е Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ – Скопје и актерот Едмонд Сотир како претседател.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.