Изложбата „Кина во моите очи“ пред македонската јавност

871

По повод 70 години од создавањето на Народна Република Кина, во НУБ „Св. Климент Охридски“, во Скопје беше отворена изложбата на фотографии „Кина во моите очи“.

„Тајната за развојот на Кина е во спроведувањето на ‘независна и самостојна политика’, а придонес кон тоа има и целокупната стабилна надворешна средина и отворената и инклузивна меѓународна соработка. Развојот на Кина не би можел да биде реализиран без поддршката и соработката од пријателските земји… , рече на отворањето на изложбата амбасадорката Јин Ли Шјен, која истакна и дека културната и уметничката размена меѓу двете земји е разнообразна и дека секоја година повеќе од 10.000 кинески туристи доаѓаат да ја посетат Македонија, а повеќе од 1.000 Македонци одат во Кина за да студираат и да ја видат.

Изложбата „Кина во моите очи“, која е во организација на амбасадата на НР Кина и Град Скопје, ќе биде отворена до 7 јули, а ќе биде поставена и во Битола и Охрид.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.