Од 5-9 октомври- Ехо фестивал на планински филм во своето 11. издание

624

11.тото издание на Ехо фестивалот за планинакси филм ќе се одржи од, 05 – 09 Октомври 2020, на две кино локации во Кино Милениум, и Кино Фросина / МКЦ.

Како и на другите органзатори така и на организацијата на овој фестивал имаше предизвик оваа година да организираат  класичен филмски фестивал, кој ќе обезбеди следење на филмската програма на големото платно, причините ги знаете сите, и поради тие исти причини го поместуваме малку порано фестивалот на почетокот од Октомври 2020 наместо вообичаено за нас резервираниот термин во месец Ноември.

Иако годинава поради протоколите нема да може да се дружиме лично со интернационални или домашни гости во форма на предавања и презентации, сепак ве уверуваме дека имаме одлична филмска програма која нема да отстапи од курсот на ЕХО и пораката што ја пренесува-порачуваат организаторите.

Филмската програма ја сочинуваат 29 филмови од автори од 15 земји, сите претставуваат Македонска премиера, а имаме и неколку наслови кои својата светска премиера ќе ја имаат токму на фестивалот во Скопје.

Ова 11. то издание по втор пат имаме програма посветена на темата Екологија, и низ процесот за селекција се одбрани 5 филмови од оваа категорија кои ќе бидат прикажани, а за победникот ќе одлучува жирито составено со членови на МЕД Македонското Еколошко Друштво: Славе Наќев, Данка Узунова, Александар Павлов

Во натпреварувачкиот дел од фестивалот ќе одлучува во неколку категории филмско жири , кое е во состав: Рус Вакрилов (Бугарија), Јержи Порембски (Полска) , Илија Циривири (Македонија).

Покрај жирито посветено на филмската програма, и оваа година имаме жири за најдобра планинска фотографија (линк со повеќе инфо за членовите), за која ќе одлучува жири во состав: Горан Кузмановски, Александар Донче и Алеси Ликуори.

Темата за годинешниот конкурс за најдобра фотографија е:Македонија – прекрасна!Конкурс „Најдобра планинска фотографија“ на ЕХО 2020.Во овие чудни, ковид времиња-невремиња, ако имаше барем нешто позитивно, тоа би било тоа што поради разно-разните забрани и отежнувања околу патувањето надвор од нашата држава, можевме малку повеќе да и’ се посветиме на Нејзе. И знаеме – ја истражувавте повеќе, и’ се радувавте повеќе, ја сакавте повеќе…Овогодинешниот фото-конкурс го посветуваме на македонските планини. Ајде сите заедно со што поголем број фотографии да ги споделиме искуствата и радостите од посетата на нејзините убавини и да покажеме и докажеме, повторно и повторно, колку нашата Македонија е навистина – прекрасна!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.