Од денеска „Мал новогодишен саем“ во Градскиот парк

392

Од 24 до 27 декември, на влезот во Градскиот парк во Скопје по единаесетти пат ќе се одржи Малиот новогодишен саем на книги со работното време од 10.30 до 16 часот.

На саемот со свои изданија ќе се претстават издавачките куќи: Темплум, Гаврош, Сказнувалка, Бегемот, Или-или, ПНВ Публикации, Бункер, Чудна шума, Слово и, по прв пат на овој традиционален саем – PMG Rekordings.

Секој што мисли дека книгата е најубавиот подарок за убави желби во Новата година може да го посети во назначениот период.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.