Олуја-нов краткометражен поетски филм според стиховите на Никола Раусављевиќ

284

На четврти август премиерно беше прикажан документарниот филм „Олуја“ кој е
работен според стиховите од истоимената песна на српскиот поет Никола Раусављевиќ.

Филмот, односно песната говори за чувствата кон воената операција Олуја од 1995 година како и на деновите по неа. Филмот го прикажува човек кој го доживеал прогонот за време, на споненатата операција и кој потоа останува потполно сам. Премногу горд за да умре и премногу истрошен да почне да живее на друг начин, спас од самотијата бара во полската работа и потполно е оттргнат од случувањата околу него. Филмот, содржи амбиентални звуци, новинарска вест која на почетокот потсетува на датумот кога е случена воената операција Олуја и рецитација на спомнатата песна со авторска музика.

Целта не е да се поттикнува и да се обновува лошата крв меѓу двата народа. Целта е
да се покажат чувствата на еден обичен човек кој ја преживеал војната. Се надевам дека (не)луѓето ќе се прашаат: има ли смисла да се повреди друго човечко битие. -истакнува поетот Никола Раусављевиќ.

Проектот е овозможен од Фондот за избеглици и раселени лица и за соработка со
Србите во регионот, а поддржан е од ресторанот Фрушкогорска Лугарница.

Автор на песната и анратор е Никола Раусављевиќ, музикaта е на Божидар Секулиќ,
режијата е на Никола Живковиќ, камерман е Тибор Варга, глуми Горан Карајиќ, дизајнер на тонот е Александар Ужаревиќ, дизајнер на светло е Зоран Дамјановиќ, фотографијата е на Александар Роман, графички дизајнери се Јелена Трифковиќ, Тибор Варга. Филмот е во продукција Ципелцуг.

Инаку, Никола Раусављевиќ е роден на 8 јуни 1991 година во Карловци, во
Хрватска. За време на воената операција Олуја во 1995 година се преселува во Шабац каде завшрил основно и средно образование. Дипломирал на одсекот за Српска книжевност и јазик на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Вработен е на Првата програма на радио на РТВ Војводина. Пишува поезија и се занимава со говорништво и рецитирање. Заедно со Милан Ќосиќ во издание на Бранково коло ја имаат објавено книгата со поезија „Кога ќе ја дофатам тишината“ за која е награден со наградата Стражилово за 2017 година.

За вас почитувани читатели на КулАрт.мк ексклузивно го претставуваме целиот
краткометражен филм како и текстот на песната од Никола Раусављевиќ, во препев на
македонскиот поет Филип Димкоски.

Олуја
Ги тргам претчувствата од облаците и сомнежите од маглата
кои никогаш не ги допрев.
Го облекувам старото испрашено сако,
чист под притисок на зората
и како оловен војник на шаховското поле
кога ноќта занеме во мене
чекорам тивко, тапо и право
и слушам одеци што се повторуваат како рефрени.
Ги носи ѓаволот ко парче ветер,
кој завива низ рамници
но зад ридот нема ветрови, па спознавам,
тоа не се одеци туку крици.
Зловесни сомнежи оживуваат во луѓето,
кога устата занемува, а очите пцујат,
Ги оттргнувам претчувствата, чекорам тивко,
но кога и да слушнам крици помислувам

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.