Онлајн платформата Cinesquare со бесплатна филмска колекција #СедиДома

966
Дистрибутерската куќа „Катавеј” од Скопје се приклучи во кампањата #СедиДома, овозможувајќи колекција од 200+ бесплатни филмови онлајн преку сопствената домашна онлајн видеотека Cinesquare.
Во време кога вратите на кината остануваат затворени во догледен период и препораките сите да останат во своите домови во обид да се спротивставиме на ширењето на коронавирусот, , до крајот на месецот преку платформата Cinesquare нудиме бесплатни играни долгометражни филмови, документарци и кратки филмови за сите корисници во 13 земји.

Само регистрација на cinesquare.net или на Андроид апликацијата достапна на Google Play е доволно да се пристапи кон бесплатните содржини во оваа понуда.

Колекцијата е достапна како резултат на добрата соработка со голем број дистрибутери и продуценти за да одговори на потребите и очекувањата на публиката во овој тежок период и квалитетно да исполни дел од своето време дома преку содржини кои не се дел од каталогот на глобалните играчи, како и да придонесе против ширењето на вирусот.

Не е заборавена ниту најмладата публика за која се достапни филмови со превод, како и синхронизирани филмови меѓу кои и на македонски јазик. Освен ова, платформата во соработка со Филмскиот фестивал за млади  Џифони Македонија го направи бесплатно достапен и детскиот каталог со промотивен код.

Инаку, уште од официјалниот старт во 2017 година, платформата Cinesquare се обидува да ѝ понуди на локалната публика разнолик каталог на филмови, фокусирајќи се особено на домашните, регионалните и европските продукции.   Колекцијата вклучува играни долгометражни филмови, документарци и кратки филмови кои се достапни бесплатно во земјава, како и во Романија, Бугарија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Косово, Албанија, Грција, Кипар и Турција.

Cinesquare е платформа е онлајн видеотека за изнајмување на филмови базирана врз системот на видео на барање (Video on demand) по принципот на HBO GO, Нетфликс, Амазон и др.

Платформата е иницијатива на дистрибутерската куќа „Катавеј“ и поддржана од Еуримаж, Агенцијата за филм на Македонија и потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.