Оригинал или плагијат – Ако некогаш оригиналот беше престиж, години наназад плагијаторството стана цел на т.н. автори

    666

    Дали ќе бидете оригинален автор, креативен создавач или ќе станете дел од масата на оние кои во недостиг на креативна моќ и вистински авторски порив, се приклонуваат кон плагијаторство, копирање на она што некој веќе го создал и преземање на нечија креативност, без ни малку задршки?

    Да создаваш оригинални дела е моќ, дарба, потреба и да ги обликуваш во авторско дело кое ќе го означи твојот професионален профил. На вистинските автори тоа им е најлесно но им стана најтешко во ова дигитално време тоа да го сочуваат. Само со еден клик може да  се преземе нечија оригинална содржина, малку да  се  смени или целосно да се стави во некоа друга рамка и да ви ја преземат вашата оригинална идеја или да прогуглате или да погледате по јутуб каналите. Се е достапно и лесно преземливо.

    Авторството и плагијаторството е присутно во сите авторски полиња: литература, архитектура, уметност но најлесно и најпогодено е во медиумите. Така сите медиумски работници и во електронските, печатените медиуми се лесен плен на преземање на нивните креативни авторски идеи и дела, од плагијаторите.

    Кај нас во Македонија , трендот на плагијаторство се зголемува особено овие 10-тина години, иако дотогаш има поедини случаи кои се раскажуваат за преземање на делови од дело, било филмско, телевизиско, печатено,литературно, со еден збор медиумско .

    Токму затоа оправдана и многу потребна е Работилницата што ја организираше Здружението на новинарите на Македонија со наслов- Како Законот за авторското право и сродните права влијае врз работата на новинарите, фоторепортерите и медиумските работници, со цел да поттикне дебата за значењето на авторското право во работењето на новинарите, на фоторепортерите и на медиумските работници, преку осврт кон регулативата во локален и меѓународен контекст и примери од праксата.

    Убава дискусија , од страна на учесниците посебно на насоките од Mogens Blicher Bjerregård, претседател на Европската федерација на новинари, инаку Европски експерт за Авторско право и проф др Неда Здравева која зборуваше за специфичните аспекти на Законот за заштита на авторски права во Македонија и негова примена.

    Зошто авторското право е важно за медиумите

    • Медиумите како креатори на авторски дела (текстови, фотографии, видео материјали)
    • Медиумите како корисници на авторски дела
    • Кога „медиумски производи“ се авторско дело
    • Авторско дело е интелектуална и индивидуална творба од областа на книжевноста, науката и уметноста, изразена на кој било начин и форма.
    •  За авторско дело се смета особено:-пишано дело (книга, напис, статија, прирачник, брошура, расправа и други дела од иста природа);

      -говорно дело (предавање, говор, беседа и други дела од иста природа);

      -фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската;

      -аудиовизуелно дело (кинематографско и друго дело изразено со подвижни слики)

      – Како посебно авторско дело се смета составниот дел на авторското дело, како и насловот на делото, доколку само по себе претставува интелектуална и индивидуална творба. Не е дозволено како наслов на авторско дело да се користи наслов што се стмета за авторско дело а што веќе бил употребен за дело од ист вид, доколку таквиот наслов би создал забуна или би довел до создавање забуна во однос на авторското дело и авторот. Ова е дел од  испцрпниот преглед на проф. др. Неда Здравева, професор на Правен факултет. 

    Во периодот кога се чека донесување на Законот за авторски и сродни права, усогласен со ЕУ стандардите, авторите кои се соочуваат со повреда на авторско право кое е неприкосновено, и му припажа само на авторот, се соочуваат и со Судските лавиринти, каде со години треба да докажуваат дека тоа што е видливо со матерјален доказ и поткрепено со сведочења на релевантни сведоци е така.

    Бидејќи тие пак Судски лавиринти се најтешките во државава, многу често авторите се откажуваат од докажувањето, па така плагијаторите ја добиваат незаслужената сила и награда. Спроведувањето на Законите е најтешкиот дел во функционирањето на нашиот систем. Но, како што кажа на Работилницата проф. Здравева, тоа не значи дека авторите треба да се откажуваат и да не  бараат потврда за своето авторско право.

    Мр Татјана Гогоска 

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.