Пандемија Ковид-19-Конечно надежна вест-Лекот Ивермектин од денеска во аптеките во Македонија

    485

    Лекот Ивермектин, стигна во дел од аптеките во Македонија и како  обично и покрај предупредувања на одговорните дека ќе го има во доволни количини и дека граѓаните не треба да создаваат залихии, да го купуваат без рецепт и во поголеми количини, сепак тоа се случува.

    Според препораките лекот се дава во три случаеви, и тоа кај ризични групи работници коишто имаат висок ризик да заболат, втора група кај луѓе кои што биле во контакт со заболен потврден контакт и кај луѓе коишто се заболени. Кај  сите три групи на граѓани односно пациенти, има различна индикација и различно дозирање затоа е битно да биде давањето односно апликацијата под контрола на лекар.

    Цената на едно кутивче ивермектин со 10 таблети од 3 милиграми  изнесува 299 денари. Овој лек може да се зема само со рецепт од матичен лекар или лекар – специјалист. Пред Агенцијата за лекови да ги издаде одобренијата за регистрација и увоз на лекот, зелено светло за употреба кај ковид болните, даде и Комисијата за заштита од заразни болести.

    Според нив ивермектинот го скратува престојот на пациентите во болница, а дава позитивни резултати и во намалувањето на стапката на смртност од вирусот.

    Додека не се создаде ред во земањето на лекот, набавката и употребата од една страна разбирлива е еуфоријата на граѓаните, уплашени и изморени од повеќемесечните притисоци . Дел од  матичните лекари  се обраќаат во јавноста дека немаат добиено упатство од здравствените власти како да ги лекуваат пациентите со КОВИД со овој лек. Секако бидејќи станува збор за лек кој прв пат се употребува во земјава и Министерството за здравство треба да изготви протколи кога, за кои пациенти и во колкави дози треба да се дава на пациенти.

    Ивермектинот веќе се користи за лекување на пациенти во Австралија и Нов Зеланд. Во Израел пак, се дава и превентивно на докторите кои работат во Ковид центрите.

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.