ПОНЕДЕЛНИК НА ГОСТИ: Драгоцени природни капки кои освежуваат и лекуваат!

18

11.03.2024

Низ центарот на Скопје преку ден најчесто се поминува со брзање, одејќи на работа, на училиште, на деловни или приватни средби, или вршејќи некои обврски, а дури навечер на корзо, но сите овие поминувања може да имат кус и среќен заеднички момент во освежување со природен цеден сок, доколку застанете за миг на штандот пред кафулето на ТВ 21.

Тоа е на самата улица ” Македонија”, и не може да го одминете без да го забележите, слободно застанете да си нарачате сок, и да се закрепнете со една витаминска бомба во капки.

Елмедин Беџети денес беше на своето ново работно место како и со многу ќејф ги подготвуваше природните сокови за минувачите, тоа го привлече нашето внимание.

На избор има три видови: цеден портокал, потоа комбинација на портокал и лимон, цитрон и лимон, портокал и праска, или само праска.

Само портокал чини 100 денари и се подготвува со три портокали.

Само праска чини 200 денари и се подготвува со три портокали.

А секоја друга комбинација или микс е 150 денари.

Младиот тетовец Елмедин, откако се оженил со Скопјанка, во главниот град купиле свој дом и се преселил во Скопје, иако ќе рече “роден град си е роден град”, и Тетово му е во срце.

Задоволен е од својата нова работа, најмногу затоа што работи со млада екипа. Нему му е интересна оваа работа, да исцеди сок кој значи и освежителен напиток, но значи и здравје, и го препорачува посебни за сите што имаат стресна работа, како извор на енергија и задоволство.

– Ова се чисти природни сокови, без нималку додатоци. Шеќер никако. Самиот портокал дава слаткост, за праските се подразбира, ни објаснува.

Неколку десетици природни сокови дневно подготвува младиот Елмедин за своите купувачи. Цената е иста доколку купите сок за носење или доколку го испиете во самото кафуле.

На здравје освежување!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.