Постхумно издание – Soundgarden го објави албумот “Live From the Artists Den“

643

Албумот е снимен во живо во Лос Анѓелес, во 2013-та година и носи во себе два и пол часа музика, со 29 песни.

Вики Корнел, вдовицата на Крис Корнел по тој повод изјавила дека и е посебно мило што со албумот “Live From the Artists Den”  е токму од концертот на кој Крис уживал лично во 2013-та година. Со албумот е објавен и истоимен концертен филм.

Но, за жал доскорешниот план  на Soundgarden, во студио да сними постхумен албум кој ќе ги содржи вокалните снимки на Крис Корнел, снимени претходните години, во моментов не се остварува, затоа што не е постигнат договор меѓу другите членови на бендот и  Chris Cornell Estatea.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.