Филмот „Исцелител“ со две награди на фестивалот „Green Montenegro International Film Fest“ во Црна Гора

673

На филмот на Ѓорче Ставревски, „Исцелител“, на фестивалот „Green Montenegro International Film Fest“ во Црна Гора, посветен на заштитата на природата, вчеравечер му беа доделени две награди

Едната награда е за најдобар филм во селекцијата „Екологија на душата“  а другата е специјална награда за главниот актер Благој Веселинов.

Фестивалот се одржува на Црно езеро во Националниот парк Дурмитор, под отворено небо. „Исцелител“ беше во друштво на филмови како како „Жени во војна“ и „Солта на земјата“. Фестивалот во Црна Гора траеше четири дена.

Инаку, „Исцелител“ досега беше прикажан на бројни филмски фестивали низ целиот свет, а доби позитивни рецензии од повеќе светски, балкански и македонски медиуми.

Собра награди на „Mostra de Valencia“ во Шпанија, на фестивалот во Санта Барбара, на Солунскиот филмски фестивал, Веселинов беше награден во Берлинскиот фестивал… Исто така, „Исцелител“ беше македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“ за 2019 година.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.