Репортажа за величествените градби во Кина

1004

Модерниот облакодер Liebian International Plaza е висок 121 метри и во него има хотел, трговски центар и деловни простории. Облакодерот Lieban Building се наоѓа во градот Гијуанг во југозападна Кина во областа Гижа, и е сместен во центарот на градот. Она што ја прави оваа градба величествена и уникатна е нејзиниот водопадот кој е висок 108 метри. На дното од зградата висока 121 метар се наоѓа систем со вода од кој четири пумпи носат вода до врвот на облакодерот  од каде вештачкиот водопад почнува да тече по едната страна од висококатницата.

Подготовката за неговото пуштање трае два часа, а откако ќе биде пуштен ја зголемува сметката за струја за околу 120 долари за „шоу“ од еден час. Станува збор за уникатна градба која го има еден од најголемите вештачки водопади кој истовремено претставува највисок водопад како дел од објект.

Водопадот е замислен како туристичка атракција, но се „пушта“ само во посебни моменти, на 10 до 20 минути. Водопадот се снабдува со вода која се добива од рециклирана отпадна вода и дождовница.

Ако се има на ум дека луѓето се подготвени да преминат десетици илјади километри низ едвај проодни планински венци за да стигнат до скриени водопади и да се хранат со нивната убавина, тогаш на жителите на овој Кинески град  Гијанг, главниот град на регионот Гиџу, им е доволно да патуваат неколку станици, бидејќи на еден од облакодерите постои спектакуларен вештачки водопад.

Градежната компанија “Guizhou Ludiya Property Management” дошла до оваа идеја, и иако дискусијата за тоа дали идејата е добра или не, мора да се признае дека 100 метри висок водопад изгледа спектакуларно. Со цел водопадот да работи, потребни се четири пумпи кои ја водат водата кон врвот, така што ќе ја извлече водата како водопад  назад на земјата. Поради долгите подготовки и големата количина на струја која е потребна за само еден час  градските власти направиле распоред кога водопадот ќе биде пуштен. Затоа, се предвидува водопадите  да работат само во посебни прилики, и кога тоа е случај, тоа е проследено со долга, целосна процедура.

Реакциите, за оваа градба меѓу припадниците на оваа Провинција се поделени. Додека едни се воодушевени, и се убедени дека ова ќе донесе вистински бум во нивниот град, други се ужаснати и сметаат дека овој водотек е дел од непотребното трошење пари и вода – и парите и водата во не така далечна иднина ќе биде многу потребна за жителите на градот.

 Интересно е да се знае дека пред само пет години оваа област била една од најсиромашните во Кина, ама во меѓувреме според податоците доживеала зголемен економски пораст, па токму во овој град можете да ги најдете седиштата на светските технолошки гиганти меѓу кои и  Apple Google i Amazon.

 

Во борбата против загадувањето, Кина веќе од пред три години почна градба на големи „вертикални шуми“, кои ќе произведуваат 60 кг. кислород на ден.

Зеленилото ќе покрива површина од 6000 квадратни метри,а се очекува дека ќе апсорбира 25 тони јагле диоксид секоја година. ВО рамки на овој проект се градат насловен како “Nanjing Green Towers” се градат две зелени кули од кои поголемата ќе биде висока 200 метри.Преку 1000 стебла дрво и 2500 билки ќе ги прекриваат балконите на кулите, на сличен начин како пто с еозеленети зградите z “Bosco Verticale” во МИлано во 2014-та година.

На осум од 35 спрата, ќе има деловни простори, а во зградата ќе има музеј, училиште, училиште за „зелена архитектура„ и приватен клуб на врвот од зградите. Во пониската кула ќе биде сместен луксузен хотел со 247 соби, а на нејзиниот покирв ќе има базен. Се очекува двете кули да бидат пуштени во овој период комплетно.

Убави архитектонски зафати и вредни за посета во секој случај

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.