Репортажа за Хелсинки-град на спокојот и белината

1726

Репортажа на –  М-р. Татјана Гогоска

Ако имате можност да го посетите Хелсинки, она што ќе го имате за време на целиот престој во овој град, е чуството на волшебен спој меѓу спокојот, белината и синилото. Во Хелсинки никој не брза никаде, во ред луѓето чекаат насмеани и ведри, по улиците возат спокојно и веднаш ве пропуштаат ако видат дека не сте оттука и за се имаат разбирање. Тоа е Хелсинки главниот град на Финска со своите над 600.000 жители, кои се дел од големиот  Урбан простор на градот  – Метрополитен, кој брои околу милион и пол жители правејќи ја за најголема област во Финска.

Хелсинки беше прогласен за Најдобро дизајниран Светски град во 2012-та година. Во 1952-рата ги организираше Летните Олимписки игри а во 2007-ма  беше домаќин на 52-рото издание на Изборот на Песна за Евровизија.

Хелсинки во 2011-тата година беше прогласен за најурбан град во светот, со можности за најквалитетен живот во него. Во 2016 според можностите за живот што ги пружа и економска интилигенција беше 19-ти во светскиот список.

Географија и историја

Хелсинки е најголем град во Финска. Се наоѓа во западниот дел на државата и е сместен на 80 километри северно од Талин, главниот град на Естонија, 400 километри источно од Стохолм, главниот град на Шведска, 390 километри западно од Сант Петесбург, Русија. Со ваква поставеност, градот прави тесна историска поврзаност со сите три града.

Го нарекуваат „Ќерка на Балтикот“. За него е многу фасцинантен податокот дека е сместен на 315 острови распослани околу центарлното градско подрачје.

Центарот на градот се наоѓа на јужниот дел на полуостровот, Helsinginniemi. Густината на населението во одредени делови на Хелсиншкиот полуосторв е специфична,  достигнувајќи 16.494 жители на квадратен километар во областа на Kallio, но како целина Хелсинки е со густина на население од 3050 по квадратен километар и е рангиран на градот како прилично ретко населени во споредба со другите европски главни градови. Голем дел од Хелсинки егзистира надвор од централната градска област и има предградија до кои се доаѓа по вода а дел се сместени во шумската линија.  Градот Хелсинки има околу 11.000  сидришта и поседува повеќе од 14.000 хектари на морска водена површина. Околу 60 видови на риби може да се најдат во водите на оваа област па затоа и рекреативниот риболов е многу популарен спорт и начин на рекреација на жителите од Хелсинки.

Големи острови во Хелсинки се: Seurasaari, Vallisaari, Lauttasaari и Korkeasaari – на кој се наоѓа најголемата зоолошката градина во Финска. Други значајни острови се островот на тврдината Suomenlinna (Sveaborg), островот на војската Santahamina и Isosaari. Pihlajasaari островот е омилено летно место за хомосексуалци и нудисти, и го споредуваат со  Ајленд Парк во Њујорк.

Главни знаменитости

Метрополитенската  област на Хелсинки, исто така познат како Капитал регион, се состои од четири општини: Хелсинки, Еспо, Ванта и Каунеијан.

Урбаното подрачје Хелсинки е официјално призната урбана област во Финска, дефинирана од нејзината густина на населението. Областа се протега во текот на 11 општини, и е најголемиот таква област во Финска, со површина од 66.931 квадратни километри (25.842 квадратни милји), а околу 1.2 милиони жители.

Хелсинки поседува многу урбани и културн места и градби кои ќе го задржат вашето внимание. Можете да ги посетите неговите бројни музеи од Ateneum, Kiasma , Design museum, Helsinki Art museum, кој е најнова градба и датира од 1968 година.

И да го посетите градот во пролетните и летните денови, кога ја нема замрзнатата белина од Балтичкото море, белината ќе ја сретнете на Плоштадот пред главната зграда на Универзитетот на Хелсинки.

Пред да ги посетите другите значајни градби како Националниот музеј на Финска, Универзитетскиот, Природнонаучниот или пак Воениот, сите сместени како во полукруг низ централното градско подрачје, посетете је единствената Црква на свети Никола сместена во рамки на Лутеранската црква. Самото здание , спојот на религиите и преубавиот поглед кон морето ќе ви се допадне.

Црквата Свети Никола е сместена во рамки на Лутеранската црква

Климатски услови

Хелсинки има влажна континентална клима. Благодарение на влијанието на Балтичкото Море и Северно-атлантската струја, температурите во текот на зимата не се високи како оние од северниот дел на Финска и се со просечна во јануари и февруари околу -5 ° C.

Зимите во Хелсинки се  потопли отколку во северниот дел на Финска, а сезоната снегот е многу пократка во главниот град. Температури под -20 ° C се случувааат само  неколку пати во годината. Меѓутоа, поради географската ширина, денови последните 5 часа и 48 минути околу зимската краткоденица се со многу ниско сонце (на пладне, Сонцето е малку над 6 степени на небото) и облачното време во ова време од годината ја влошуваат темнината над градот. Спротивно на тоа, Хелсинжани уживата во долг бел ден во текот на летото. За време на летната долгоденица, денови траат и по 18 часа и 57 минути. Просечната максимална температура од јуни до август е околу 19 до 22 ° C. Поради морски ефект, особено во текот на жешките летни денови, дневни температури се малку поладни и ноќните температури повисоки од внатрешноста.

Како се живее во Хелсинки

Спокојот на луѓето, жители на овој град се забележува насекаде. Хелсинжани можете да ги сретнете во бистроата за време на ручекот во работните днеови, во убавите отмени ресторани во саботите или на излетите и финските бањи распослани на сите острови околу градот. Го користат секој миг да уживаат во природната убавина и да се релаксираат.

Движењето до, во и околу Хелсинки е лесно. Можете да дојдете со авион, воз, автобус или на некој од бродовите што сообраќаат насекаде. Во градот има метро, автобуси и такси со прифатливи цени.

Доколку сакате да се почуствувате како дел од овој град, качете се на некој од бродовите од било кое пристаниште на Хелсинки и појдете кон некоја дестинација. Секаде ќе имате нешто интересно, ново да сретенете и да се забавувате.

Кога ќе ја имате можноста да дојдете во овој град, едноставно препуштете се на неговата белина, синило и спокој. И нормално уживајте!

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.