“Битола Шекспир Фестивал”- едноставно свечено отварање, со модерна адаптација на шекспировото дело “Кротење на фуријата”

1193

Специјално од Битола за куларт.мк, Валентина Ѓоргиевска Парго

Ако делата на Шекспир како најмногу одговараат да бидат прикажувани во градови кои имаат градска душа, тогаш сосема оправдано и заслужено што и нашата Битола ја имаа оваа чест и привилегија. Имено, синоќа по седми пат започна театарскиот “Битола Шекспир Фестивал”, дел од големата светска мрежа на истоимени фестивали, кои прикажуваат дела работени според таткото на драмската уметност, Вилијам Шекспир. Свеченото отворање на Шекспир фестивалот, беше многу едноставно, без црвен тепих, и само со срдечни зборови за добродојдовте од уметничката директорка Илина Чоревска, на скалите на влезот на салата.

Но, затоа со исклучително модерна и современа адаптација и презентација на шекспировото дело “Кротење на фуријата”, изведена од  Хрватското народно казалиште од Сплит, а во режија на Иван Плазибат. Претставата во два чина, која ја третира состојбата на две жени кои тежнеат кон слободата и стојат исправени пред зивриената медитеранска крв на мажите, три часа не ја помрдна публиката од салата. Жената, и нејзината родова положба, е  во центарот на концепцијата на годинешниот фестивал, кој има заедничко мото…”И на крајот вистината ќе се дознае…”.

На отворањето се беше во функција на сцената и уметноста, дури и самите хостеси наместо со црвен беа со зелен каротин, наместо свечени парадињања и блицови по отворањето ” Мемфис мафија” свиреа во фоајето, а посетителите се гостеа со чашка пијалок. Фестивалот трае до 28 јуни

Шест претстави од пет држави се на репертоарот, а учествуваат театарски ансамбли од Хрватска, Италија, Романија, Шпанија и Македонија, кои  на шесте фестивалски дена, ќе понудат добро подготвени изведби, како што најави и директорот на Народниот театар Битола, актерот  Иван Јерчиќ.

Организаторот, Народниот театар од Битола, нема да има своја претстава, бидејќи ниту еден од режисерите не предложил да го работи Шекспир во Народниот театар.

Фестивалот, кој годинава поддржан со 1,7 милион денари од Министерството за култура и 1 милион денари од Општина Битола  и со спонзорства има и Офф програма, таа почна утрово со работилница за деца. Во следните дeнови ќе има и промоција на книга, настапи на студенти идни актери, дебатнo кино со проекција на филм и неформални дружење со учесниците на Битола Шекспир Фестивал со познати бендови и диџеи.

Официјална и “офф програма”:

24.06.2019, ПОНЕДЕЛНИК

10:00 ч, ФОАЈЕ НА НУ НТБ, РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА „ИЗМИСЛИ ГО ШЕКСПИР”
20:00 ч, ГОЛЕМА СЦЕНА НУ НТБ, IMPERFECT DANCERS COMPANY- ИТАЛИЈА, „ЛЕЈДИ МАКБЕТ”

25.06.2019, ВТОРНИК

12:00 ч, НОВА СЦЕНА НУ НТБ, „I HATE SHAKESPEARE”
Драмска аматерска група Гимназија „Јосип Броз Тито”-Битола

20:00 ч, ГОЛЕМА СЦЕНА НУ НТБ, IMPERFECT DANCERS COMPANY – ИТАЛИЈА
„ХАМЛЕТ”

26.06.2019, СРЕДА

20:00 ч, ГОЛЕМА СЦЕНА НУ НТБ, NAVE 73 THEATRE – ШПАНИЈА, ,,ЈУЛИЈА и ОФЕЛИЈА, ДОЖИВОТНИ САМОУБИСТВА”

22:00 ч, НОВА СЦЕНА НУ НТБ, ,,ШЕКСПИРИЈАДА”, Факултет за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Скопје,

27.06.2019, ЧЕТВРТОК

12:00 ч, ФОАЈЕ НА НУ НТБ, Промоција на книгата,,ЗА МИЛОСТА РАЗМИСЛУВАЊА НА ШЕКСПИР” од ПИТЕР БРУК
19.00 ч, МАЛА САЛА НУ ЦКБ, Проекција на КРВАВИОТ ПРЕСТОЛ (1957), Дебатно кино ,,Контра кадар” – Битола
20:00 ч, ГОЛЕМА СЦЕНА НУ НТБ, ARADI KAMARASZINAHAZ THEATRE COMPANY, ARAD – ROMANIA, THE CLASSICAL THEATRE “IOAN SLAVICI”, ARAD – ROMANIA
SHAKESPEARE FESTIVAL – GYULA CASTEL THEATRE, “РОЗЕНКРАЦ И ГИЛДЕНСТЕРН СЕ МРТВИ”

28.06.2019, ПЕТОК

20:00 ч, ГОЛЕМА СЦЕНА НУ НТБ, ДРАМСКИ ТЕАТАР, СКОПЈЕ – “КРАЛ ИБИ”

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.