Скопски маратон 2019 -Чалачју Туроне од Етиопија е победник

712

Скопски маратон 2019- Туроне од Етиопија победник а Андриана Поп Арсова постави државен рекорд.

На годинешново јубилејно 15 издание на  Виз Ер Скопскиот  зедоа учество 12.500 натпреварувачи од 58 држави. ПОкрај професионалците бројно учество на рекреативци и бројна искрена публика која ги бодреше.

Се трчаше во четири категории: маратон, полумаратон, штафета и трка на 5 километри , а како по обичај. Победници и на јубилејното издание на маратонот беа натпреарувачите од Африка. Најтешката делница од 42 километри секогаш е неверојатен предизвик за човековото тело, а денеска првото место го освои Чалачју Туроне од Етиопија. Тој трката ја заврши со време од 2 часа, 15 минути и 37 секунд, додека зад него останаа Вилфред Корир и Гетаје Фисеха. Во маратонот во женска конкуренција, најбрза беше Јунис Мучири со резултат 02:33:38, следена од Јулитер Тануи и Наоми Какоко.

Што се однесува до домашните натпреварувачи, во машка конкуренција најдобри беа Александар Кираџиев со 02:37:41, Марјан Бонев со 02:43:38 и Кокан Ајановски со време од 02:49:54, додека во женска конкуренција беше поставен државен рекорд.

За истиот се погрижи Адријана Поп Арсова која го истрча маратонот за 2 часа, 52 минути и 52 секунди, а меѓу најдобрите три се најдоа Билјана Кираџиева со 02:58:15 и Катерина Шиповиќ со 03:20:30.

Сите три натпреварувачки успеаја да ја спуштат границата под три часа што беше и цел пред почетокот на трката, а тоа е добар доказ дека Виз Ер скопскиот маратон е одлична инспирација за напредок на атлетиката во нашата земја.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.