Со симболичен наслов “Ќе има утре“, утревечер почнува 45-издание на театарскиот фестивал МОТ

431

Утревечер  во 19 часот во Универзална сала во Скопје, со премиерата „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“ во копродукција на МОТ и Факултетот за работи што не се учат, започнува 45.издание на Млад отворен театар. Под симболично мото „Ќе има и утре“ годинава за првпат ќе биде реализирано хибридно издание на MOT со претстави во живо и фестивалски онлајн претставувања.

Сцена од минатогодишна претставаНа МОТ ќе бидат претставени 12 продукции во домашна продукција, како и театарските куќи од Словенија, Србија, Грција и Хрватска.

Билетите се строго ограничени и достапни само преку bileti.mkc.mk. Oнлајн претставите се бесплатни, со задолжително “подигнување” на билети, а билетите за претставите кои се играат во живо изнесуваат 300 денари.

Фестивалот ќе биде реализиран со строго почитување на Протоколот за организација на настани  во состајба на пандемија .

Целосната програма која ќе трае до 3 декември, може да се погледне на следниов линк.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.