Спокој во душата, радост во срцето- Среќен Бадник и Божиќ

841

Во исчекување на радосната вест: Христос се роди, сите православни христијани денеска и утре го слават големиот празник Божиќ.

Се започнува наутро со веселите песни на Коледарчињата, кои оваа година заради новата неубава реалност не ги слушнавме се до вечерта кога сите го кршат лепчето каде се крие паричката, која ќе му доесе многу среќа на тој на кого ќе се падне.

На полн оќ камбаните осветлени од Ѕвездата на Витлеем што го покрива светот, со силно ѕвонење ќе го означат раѓањето на Спасителот, Исус Христос. Утринската радосна вест ќе го разбуди светот и сите со радост ќе се поздравуваат „Ристос се роди“ -„Вистина се роди „

За многу години!

КОШУТИЦА

Росна, росна Кошутицо,каде си се поросила?

Таму долу на бел Дунав,

Што имаше што немаше!

 

Златна чаша, Иконата,

Да каниме мала Бога,

Мала Бога Божиќна.

 

Божиќ ми е по небеси, слава ми е по земја си!

 

Добар дено Бабо, на тебе е редот

Кој има ќе го земе, кој нема ќе си чека !

ЗА МНОГУ ГОДИНИ!

 

Една народна песна, извор село Вевчани, која се пее за време на Божиќните празници! 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.