Томислав Османли – Сатирична козерија на Балканските “вонземјани“, кои се тука меѓу нас!

228
Томислав Османли:
                                                  PRESENTинPERFECTи
(Расказ од книгата „Парадоксикон“ -2020)
Смејте се! Само вие смејте му се на колегата Евелин Ивајлов Красимиров. На многу големи научници така им се потсмевале кога ги соопштувале своите револуционерни сознанија. Колегата Евелин Ивајлов Красимиров е, драги мои, научник од прв ред, трет директор на Агенцијата за макрокосмички истражувања, контакти и комуникации од Софија и научен работник кој макар и срамежливо укажува, дека години наназад било забележано дека вонземјани киднапирале негови сонародници, при што првиот случај бил регистриран на подрачјето на Варна, потоа открил вонземски киднапирања во Македонија, во излетничките населби во Маврово, пакрај Охрид (во викенд-населбата викана „арамиско гнездо“) и во близина на Берово (главно во викенд-населбата „бричките“); а во најново време, и тоа со зачестен интензитет, професорот регистрирал вонземски киднапирња особено кај новокупените партиски вили и тоа на двата прста од полуосторвот Халкидик (особено на средниот!).Денес, почитувани, сакам официјално да потврдам дека долгогодишните тврдења на професор Красимров се наполно точни, и да потврдам дека екстра терестријалците, киднапираат како возрасни така и помлади лица, преди сѐ од редот на старлетите, политичките работници и останатите инфлуенсери и селебритија, што би рекле во поново време, вие од медиумите.
      Опааа! Што, сега веќе не ви е смешто, така?!
      Е, драги мои, денес од ова место јас можам да додадам нови факти кон тезата на професорот Евелин Красимиров која е, да повторам -на-пол-но-точ-на!
     
Вие, природно, сакате комплетни аргументи; и ќе ги добиете! Но, најнапред да се потсетиме на тврдењата што одамна веќе ги беше дал почитаемиот колега Красимиров, кој јасно и недвосмислено изјави: „Тие (вонземјаните) се, токму сега, тука, меѓу нас“. Тој одамна тврдеше дека и покрај тоа што меѓу нас (земјаните) постои минимална свесност за тоа нимно присаствие, тие (поточно Тие, со големо „Т“!) спроведуваат надгледувања и истражувања врз планетата Земја, особено во географското подрачје во рамката: Стара планина-Проклетие-Шара-Баба-Пинд-Олимп и, пак таму некаде, на Балканот (планината). Колегата Красимиров смета дека сѐ што се случува на тој простор е под надзор на нашите посетители од длабоката вселена (на англиски: deepspace, пишете колеги новинари да не ја грешите како и обично: “д-е-е-п-празно-с-п-а-ц-е“!). Со оглед што на тој простор се сокапавме од отворени, даже и од подли непријателства, од омрази и подметнувања, екстра терестријалците ни доаѓаат со благородни и пријателски намери, да нѐ смират, секого посебно, потоа и сите нас заемно идефинитивно. Народ со народ, поединец со поединец, оти без второто, според пренесеното тврдење од проф.Е. И. Красимиров, не е можно да постои ни првото. Но, ете, ние за тоа не сме свесни, или уште подобро –не сакаме да бидеме свесни! Особено там некои од вас, медиумците.
     
За срећа, мили, за вселенската миротворна дејност совсем са свесни нашите актуални лидери, кои –да ви го откријам и тоа -од време на време престојува’т во леталата на вонземските наши Добротвори, Пријатељи и Спонсори и таму учествуваат на почетните курсеви заментално прочистување, нервно успокојување и духовно напредување, као претпоставки за смиривањето на обеспокоенни и поприлично унеређени региони у посочени домен. Имат, според известијата отпогоре, оштедоста да научат, а како што му са се биле изворно пожалиле на професор Красимиров, лидерите ни са учели споро, па најголем дел и са падали дури и на поправните испитите по предметите Универсална етика и особенно-Финансиски алтруизам (втори дел).
     …Накусо, они са апсољутни иНперфекти: ем граматически, ем исторически! Они са тотално определенни вимпрефект т.е. заробени са в минато определено несвршено време (оти ништо не сврш’ват)… Но, битно е, драги соземјанци, дека тој процес е започнал и сега трае… иакос’ оглед на моменталните лидерски капацитети он, изгледно, и ће поприлично да потрае… Колку? Па, баегичку!… Едно пет-шест лидерски генерации, иако в неговата оптимална перспектива непременно ште се појависветло’ на крај од мрачни тунел: тогава нашите вселенски спонсори ће нѐ облејат с раскошната светлина наблагородното космичко с’знание и созерцние па ќе прераснеме у бића со сасвим нова и далечко повисокасвест!). Тој процес конечно ќе доведе до срећното разрешување на менталните, политички и останали судири,дури и ужаси што без тоа посредување од страна навселенските интелигенции, би ни се повторувале и во иднина, до бескрај. Што би се рекло со наши, нали, зборови: подобро крај на ужасот, одошто ужас без крај!…И така натаму. Вонземјаните, драги мои соземјани, сакаат многу да ни се најдат (за жал, ние дојдовме до такви овоземни состојанија, што нам само вонземјани и можат да ни помогнат)!
Но, милички! Но!!! Има тука едно големо „НО!“ -нашиот дефицит во еволутивниот развој кој (молам ве, при следната фраза да ме сфанете чисто метафорически!), нас нѐ прави обични мајмуниво споредба со нивкои, во тоа видување, би ги означиле како високо хуманизирани суштества. Така, одново со право тврди колегата Евелин Ив. Красимиров –„проблемот е што ние незнаеме што да ги прашаме, иако контактот веће е васпоставен… и то на највисоки нивоји!“ За една странска агенција, уважаемио’ колега, го е изјавил и следното, и тоа на солиден англијски јазик (иако во гимназија е учелсамо руски): „Дури, постоеше тврдење дека некои вонземјански видови биле присутни при извесна конференција за медиуми на која тие одговориле на повечкуод триесет прашања поставени од Националната академија за науки (НАН), меѓу другото и кључното ’Чиј е Гоце Делчев?’, инаку регионален херој и револуционер што нам ни е добро познато, на што, пак, еден од по, така,видните гости од длабоката вселена изјавил дека, ’субјективно, тоа не му е познато’, па за добивање објективна информација го вклучил хадронскиот сметач со знаењата и информациите за нашава и за дваесет и седум околни галаксии, на што вонземскиот компјутер се е огласил со некарактеристичниот звук (мрмор)„ммммрмоооор… мрррмоооррр“, потоа е закрчил, отреагирал прво с исказот „Ovidkommande, оvidkommande“ нашведски, потоа 無関係な! на јапонски, што се читае како„Munenkainda!“, а сѐ едно значи „Ирелевантно!“, по што крчењето продолжило да го тврди истото, на старотурски, потоа на урду, на мандарински и три пати накурдски, сѐ додека хадроните не са се замориле од шлајфување во ирелевантноста и сметачот не е замолкналпоради прегорена вонземска матична плоча…Ете, колеги, видете што сѐ ѝ правиме на високата технологија, снаш’те балкански енигми…
Што пак сега се смеете!? Ако, бе, смејте се, смејте се само -ама ќе плачете! -како што рече еден локален парламентарец на почетокот на парламеаризмот од крајот на миналиот век… Ние меѓутоа не се смееме, ние сме учени с нтцврс’ и кохерентен стратегически план во зацртувањето на следните прашања кои ће им ги мије поставиме на вонземјанските партнјори при нивната наредна посета на нашио’ регион за кој тие јасно са ни ставили до знаење да ште се догоди ускоро, именно доцното лето на 2027 година, отприлика кога регионот ќе ги оствари своите аспирации и ће конечно постане рамноправна членка, од именно онај мало по-широки, трећи круг на европската унија (иако, меѓу нас речено, Тие (вонземјанските партнери) веќе ни дадода на знаење дека Унијата година-две подоцна, под силен притисок од надвор, ќе се распадне на составни делови, според мирниот пример на разделувањето на Чешка ина Словачка, со што ние од горе спомнатиот регион, там’,бре, меѓу Проклетие и Балкан, одново ќе бидеме независни субјекти, но на едно повисоко стојалиште, со повисочок Џи-Ди-Пи, како годе тоа и да се пишува во оригинал на американски англиски, на ново шведски, старо јапонски и на мандарински кинески).Е, почитаеми соземјани, дури тогаш ни ће им ги поставиме истинските питања на нашите вонземски добротвори. Ни тогаш ќе ги добиеме вистинските сознанија од нив (Кој го уби Ченто? Постои ли гоцева тараса? Дали ќе добиеме кандидатура за ЕУ? Дали Северните Македонци се антички народ? Кои антички народи се во суштина Македонци и дали сички са при това Грци со исклучок на онези којто пак между нив са Б’лгари?… Некои сакат да прашат: „Кога, незвисно од вера и нација,сите ние од регионот Проклетие-Балкан еднаш ќе заживееме како човеци?“, но бидејќи то ће је неминовно управо путем посредовања и с’с благополучниве, интервенциите на наш’те вонземски Спонсори, мене лично и особенно ме интересује одговорот на следећи кључнива прос: дали дубоко уважени колегата Евелин Ивајлов Красимиров ће је добије Нобелова награда за мир, з аоткритието на столетието! И тако даље, и т’ј нататак. За сега знаеме дека тие се неверојатно критички расположени кон нашето неморално поведение, подшто се подразбира широк дијапазон, од нормалната корупција и бесплатна приватизација на јавни претпријатија, до иста таква приватизација на јавен простор и површини, рудници, бањи, дубоки и плитки, углавном води обилни и питки, обаче и природни ресурси, а посебно трговија на домашното сос странско ѓубре од еднократен или двократен увоз, заедно разбира се, со уништувањето на нашата блиска и широка околина на Балканите до Проклетие… и така натаму. Терестријалните партнери не велат ништо, но екстратерестирјалците трдат дека глобалното затоплување му се припишува на инфраструктурното инженерство чиј конструктор е претстојателот на новата светска архитектура-подигање нови долги, хадријанови (инаку пониски) и нови кинески (повисоки) ѕидови низ планетава. А, да: и заборавете дека НЛО-ата са американски и, не дај боже, руско-кинески направии. Тие, несомненно, ни идат врегионот од -дип-спејсо’!Покрај тоа, еден куриозитет кој драгиот колега Красимиров исто така ни го приопштува: вонземските партнери са скептични в однос на ного нешта во современа примена, од употребата на ботокс, лифтинг, пуфтинг,липосукција, садење коса место органски зарзават, какои корективна козметика (тука имињата на фирмите, одразбирливи причини, нема да ги споминам)… зашто веруваат в природната убавина, а особена резерва имаат кон вонтелесно оплодување или користење на сурогат мајки, тетки ама преди сѐ -на баби… „Дека се видело баби да раѓат деца“, подвлекува проф. Е. И. Красимиров,„па затоа нашите вселенски партнери сичко това госметат за „неприродно“, па така извесна логика добиваактот дека тие киднапираат не само постари личности,туку и девојки, селебритки за кои постојат не самоиндиции, туку и поистакнати докази (понеже избамбарени бузи, дојки и закренати, совсем кр’гли г’зове)дека, ипокрај ботоксирањата, надградувањата, и подградувањата, они природно поседуват архаични фертилни атрибути. Оттука, почитаеми пријатели и локални космо-скептици, мене ни малку не би ме изненадило, нашите Добротвори природно да ги оплодува’т и потем да ни ги враћат испуњени с нов, евољуционно далеко понапреден биолошки материјал, но и с новиискуства кои, покрај оние добро познати и, чини се исцело исцрпени, ова јел’те цивилизација западната и у теврсте големе кризе, повече и не може да им ги пружи.Нека ни оплодјават драги овоземски битија! Некада ни парат и нека ни размножав’ат! Как’ инак’ ће је поправиме исцрпљена, успорена, папсана те деградисана генетика, расипана особенно во текот на последниве две-три генерации! По кој друг начин ни ћеможеме да станеме по-бољи? Затоа, нека ни избијат од организмите и последњиот ген на љубомората, алчноста, лицемерието, среброљубието предичовекољубието, поткупливоста, комарџил’ко,ороспил’ко, расипаноста, поганоста…, кои превриваат во цитоплазмата и на најмалите наши клетки; нека ни ги исчитат бубите у ухо, као и тавтабитите од Егото коеденес, бре, нема сила да порасте у Супер-его; геном да га истресат од сакупљената прав и пр’с на пазарните проценки на блиските („комшијата пет пари не вреди“)и од наддавањата напроломената омраза („…море, дурии да вреди, он/а за мене не постои!“), а особено од зоолошките енграми од типот: „нашите кокошки се најубави“, „да му умрат козите на комшијата“, „море, некацркне како куче!“ и таканатаму и на тоа, нали, слично…Само така ние можеме да бидеме подобри, с интервенција одозгор’. Од вселената која сега ни се усмива нам, нанашите лидери, на нашите инслуенсерки и нфлуенталисти, на локалните ѕвезди, биснисмени, научници,генијалци, јапиња, селебратиња и селебритки, на скиселените души што превриваат како недоискиселена,презашеќерена боза в казано’ меѓу ѕидовите од спомнатите проклетиски и останалите, сродни балканскипланински венци.Ѝ благодарам на Агенцијата за вселенски истражувања и комуникации заотстапениот подиум и посебнона професор Евелин Ивајлов Красимиров за неговите скапоценни, долгогодишни воведни претставувања на гостувачката цивилизација и за нужноста таа да се одомаќи тука, меѓу нас. Молам да разберете јазичнио’ми стил и исказ. Потеквам од једно живописно погранично село у оквирите на посоченио регион те ми се,естествено, се мешат мајчиниот, с’ шопски и околни јазици, међутим това је -Munenkainda! (извинете што ми довађа да зборувам швески!), дипломирав астрофизикана природнонаучниот факултет полн со надеж т.е.förhoppningsfull(уште еднаш се извињавам!), но не успеав да најдам работа, потоа с опрощение си купив европски паспорт и пред да заминам на работа, некаде во deep-инностранство, за среќа моја, бех киднапиранпри една relaxingпрошетка на Водно, при што бех релевантно, мошне релевантно !関連して、最も関連性が高い!(аман, извињавајте!) значи многу квалитетно подобрен од нашите воземски добротвори и потем леко спуштен на работа в Агенцијата за макрокосмички истражувања, контакти и комуникациисо длабоката вселена,недалеку од дома, но сепак там’ -в европскиа дел на дипБалканот, што сѐ вкупно ärväldigtextraordinärt!А, да! Да го додадам уште и следново:Ова е нашата втора прес конференција на вашата инаша roligplänet во рамките на този монтањарски регион. И не бидете …„мммрррр… vä digt, väldigt, väldigt“ …фррррр…. Не бидете нее-стрррррп-ливи. Сите ќе бидетекиднапирани. При тоа, ве молам, гледајте да не давате отпор. А зошто и би давале, кога веќе нема да бидете….како да речам, нали… вакви, туку максимално подобрени. Сите, драги соземјани, од имперфекти, Тие ќе ве направат, за мерак: перфекти!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.