Трибина „Блаже Конески денес”, по повод 100 години од неговото раѓање

405

КИЦ – Скопје, денеска организира трибина на тема „Блаже Конески денес” по повод 100 години од неговото раѓање со почеток во 12 часот.

На трибината што ќе се одржи во паркот пред КИЦ – Скопје, како што најавуваат организаторите, ликот и делото на Конески ќе се осветлат и во потесна и во поширока смисла. Во потесна смисла: она што претставува неговото творештво денес во македонската општествена, културнопросветна и научна стварност, како стимул и корпус. Во поширока смисла: како влог во една воспоставена лингвопоетичка традиција во македонистиката, од којашто произлегува препознатлива лингвистичка школа, која со право го носи неговото име „Школа на Блаже Конески”.

На трибината ќе учествуваат, Димитар Пандев, Бобан Карапејовски и Бојан Петревски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.