Учесници од 19 држави, на натпреварот „Пијано фест“ во Битола

462

Во организација на Здружението „Пијано“ од Битола деновиве се одржува межународен натпревар по пијано, на кој учествуваат 19 држави од три континенти во светот. На „Пијанофест 2020″ учествуваат 148 натпреварувачи од балканските држави, потоа од Германија, Италија, Малта, Литванија, Молдавија, Израел, САД, Јужна Кореа, САД и од македонски пијанисти.

Оваа година, поради ситуацијата со Ковид- 19, натпреварот се одржува онлајн, а настапот на учесниците го оценува жири во кое членуваат, Даница Стојанова и Милица Шкариќ од Македонија, Петар Младеновиќ и Маргарита Вујовиќ од Србија.

На 20. декември ќе бидат објавени резултатите и лауреатите на годинешниот меѓународен натпревар по пијано што се одржува во Битола.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.