Вечерва во Скопје поетска манифестација „Празник на липите“

309

На зелениот покрив на Градскиот трговски центар во Скопје, вечер од 20.30 часот ќе се одржи поетската манифестација „Празник на липите“ во организација на Друштвото на писателите на Македонија.

На настанот ќе им биде врачена наградата „Книжевен жезол“ за поетски опус со високи естетски вредности на македонскиот поет Иван Џепароски и на српскиот поет Душан Стојковиќ.

Како што соопшти ДПМ, творештвото на Џепароски ќе го претстави Наташа Аврамовска, а за српскиот лауреат ќе говори Христо Петрески. Присутните ќе добијат примерок од повеќејазичната збирка поезија од двајцата лауреати, специјално подготвена за оваа манифестација. Во вториот дел од манифестацијата ќе се чита поезија пристигната на Конкурсот за најдобра песна на „Празник на липите 2021“, по што ќе биде соопштена и победничката песна.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.