Вечерва, концерт на виолина со Естер Ју насловен како „Бајка“ во Македонска филхармонија

700

„Бајка“ е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи овој четврток во 20 часот. Како солистка ќе настапи исклучителната американска виолинистка Естер Ју, а диригент е Чарлс Оливиери Мунро од Малта. На програмата се Концертот за виолина и оркестар од А.Глазунов, симфониската поема „Кампот на Валенштајн“ од Б.Сметана и симфониската суита „Бајка“ од Ј.Сук.

Естер Ју го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлад добитник на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралица Елизабета“. Од 2014 до 2106 година беше „Уметник на новата генерација“ на Би-Би-Си, и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар. Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична.

Естер Ју е исклучителна американска виолинистка која го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлад добитник на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“.

Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралица Елизабета“. Од 2014 до 2106 година беше „Уметник на новата генерација“ на Би-Би-Си, и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар. Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична. Естер Ју е исклучително софистицирана и интелигентна виолинистка со препознатлив стил на изведба. Почнала да свири виолина на пет години.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.