вторник 15 октомври, 2024
Почетна ЖИВОТ Хуманост и семејни вредности Работилници за развој на крeативноста „Направи и подари мартинка“

Работилници за развој на крeативноста „Направи и подари мартинка“

Месецот -март , познат како месец на пролетта но и месец на мартинките само што не ни затропал на врата.

Овие февруарски недели Елица Перчинкова дојде на прекрасна идеја да направи неколку работилници со една цел, посетителите д анаучат да прават мартинки а потоа со љубов и да подаруваат.

Кога ја прашавме од каде идејата за ова кратко ни кажа дека „Креативноста е насекаде околу нас и доволен е еден мотив да имаме и можеме сите заедно да ја развиваме. Таа вели “Научете да направите мартинка во овие ладни зимски денови  и исполенете ги со корисни и креативни активности.

Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа.
Заради ограничениот простор и природата на работилницата местата се ограничени. условите за работилницата. Дел од изработките ќе бидат наменети за децата со даунов синдром, со кои деновиве Перчинкова направи и уште една дополнителна работилница а како си поминуваа сведочат и самите фотографии .
На работилниците може да учествува секој кој сака да научи, добредојдени се мајките со децата со претходно пријавување на телефон .
       
Целта е креативна, хумана и единствена, заедно да се научи како да се  направат  мартинки за радост здравје и среќа.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }