Википедија на македонски јазик се збогати со над 500 нови статии на германски теми

1002

Деновиве (од 3 до 5 мај 2019 година) се одржа тродневен германски Викикамп за членовите на Вики клубовите  во Македонија, под мотото „Запознајте ја Германија“. Проектот е во организација на Здружението  ГЛАМ Македонија  во соработка со Гете институтот од Скопје.

Кампот се одржа во хотел „Романтик“ на Велешко Езеро – Младост, и опфати ученици од различни основни и средни училишта од Македонија. Покрај заедничкото уредување на Википедија, учесниците имаа можност да чујат низа предавања, и да учествуваат на интерактивни вежби. Кампот го отвори претставник од Гете институтот во Скопје, Кристина Велковска, а гостин од Германија на самиот камп беше Гереон Калкухл, администратор на Википедија на германски јазик.

Секој од учесниците доби подарок од Гете институт како и од Викимедија Германија, најголемата вики организација во светот, а на крајот од кампот, им беа доделени сертификати за учество. Во текот на трите дена беа создадени повеќе од 500 нови статии на Википедија на македонски јазик на тема Германија: култура, историја, географија, спорт, филм и друго.

Ова е трет Вики камп во организација на ГЛАМ.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.