Во Народен театар Битола премиера на претставата “History of motherfuckers,,

392
Битолскиот театар на  прес конференција ја најави новата претстава, чија премиера ќе биде  на 17 и 18 јуни 2021, од 20 часот. Станува збор за претстава работена според драмата “Кориолан” од Вилијам Шекспир, а според сценарио на Ведрана Божиновиќ.
Претставата не е политика. Претставата се занимава со човекот и неговата заедница. Претставата е борба. Хумана борба. Никој не го сака Кориолан . Ни Шекспировата драма ни ликот. А тој е вистинит и искрен. Потајно сите се сложуваме со сė што кажува. Но едно е сигурно. Тој не е ние. Тој за нас кажува она што ние за себе не смееме. Да е дипломат, да умее и да сака да ја користи слатката, нежна лага која е предуслов за демократската заедница, ние не би ни зборувалеза него. Лагата не е ни слатка ни нежна. Лагата е крвава и немилосрдна. Додека вистината и искреноста сепак се предуслов за вистинска уметност. Дури и кога лажеме поминуваме низ пеколот на искреноста за едно уметничкото дело да го претвориме во стварност. Барем во онаа уметност за која вреди да се зборува. Во историјата секогаш зборуваме за разни motherfuckers кои биле грди, глупави, зли, кои некако ја зезнале работата и не спречиле да уживаме во крајно совршено опшество полно добрина, благосостојба, слобода, сигурност и вечно победнички војни. Народот, граѓаните секогаш се само
лик без можност да одговараат. Тој нејасен поим како некаков апстрахиран октопод никогаш не значи збир на поеднинци. Како да не е идивидуата таа која го пополнува гласачкото ливче, како да не е таа која го става во гласачката кутија. Народот не е одговорен. Како да не е народот тој што ги бира сите оние кои ги мразиме и ги сметаме одговорни за сė .Народот се откажува од одговорноста бидејќи со помош на гласачкото ливче му ја предава на некој поединец. Барем на четири години. А истиот тој народ за себе говори дека е изманипулирана маса. Мнозинството е закон. Sexy motherfucker. А истото тоа мнозинство никако да изговори дека иако не се согласувасо мислењето на дугите е подготвено да загине само за тие да можат да го кажат тоа. Нема врска дали тоа некогаш и било кажано. Лагата е слатка. Вистинита. А слободата боли. А власта се брани по секоја цена. Со ваков опис претставата ни ја објаснува Божиновиќ.
Режисер на претставата е  Андраш Урбан а играат, Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска, Николче Пројчевски
Музика: Александар Димовски и Славчо Јовев. Инспициент Мирослав Лазаревски
Сценограф Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски. Композитор Ирена Поповиќ Драговиќ. Тон- мајстор Николче Терзиевски, светло – мајстор Горан Петровски. Суфлер Гордана Михајловска.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.