Во соработка со „Џифони Македонија “ во Битола ќе се одржи проектот “Готвиме филм,сликаме филм и гледаме филм“

376

Со работилница за готвење „филм“ со Бранко Попоски од „Готвиме со Бранко“ (Cooking with Branko) утре во 10 часот почнува проектот „Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм!“ на Регионалната платформа Балкан Синема Ситис (БСС) во соработка со фестивалот „Џифони Македонија“.

Работилницата ќе го искомбинира интересот за филмови со извонредни гастрономски активности. Деца од фестивалот „Џифони Македонија“ ќе подготвуваат со Бранко десерт чизкејк кој ќе го следат преку пренос во живо. Од кујната на Бранко во домовите на дечињата преку две камери и интернет врска. По завршувањето на работилницата ќе ја проследат проекцијата на филмот „Мед и кајмак“ кој се снимаше во нашата земја и во кој игра нашата актерка Сабина Ајрула.

Проектот вклучува и ликовни работилници под наслов „Сликаме филм“ кои почнуваат утре, исто така во соработка со „Џифони Македонија“. Децата ќе ја цртаат омилената филмска сцена во различни техники, а најумешните ќе добијат награди и тоа: Прва награда – таблет, Втора награда – Bluetooth звучник, Трета награда – паметен часовник.

Проектот „Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм!“ е оригинален концепт кој има за цел децата да се инспирираат да го развиваат својот креативен мускул. Идејата е да се развива креативноста и да се создадате можности за стекнување на филмска писменост применлива во секојдневниот живот и развивање однос кон филмската уметност преку игра. Преку гледање на филмот и потоа дискусија, децата ќе учат како да го проследат филмското дело и да го препознаат жанрот, како и некои елементи во филмот. Сите настани се распределени во повеќе градови, односно повеќе региони во Македонија со цел што повеќе деца од различни региони да имаат можност да ја развиваат креативноста. Сметаме дека ова е важна иницијатива за развој на публика. Филмската едукација почнува кај најмладите со цел да ги инспирира и да ги обучи да продолжат да учат за филмот

„Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм“е поддржан од Министерството за култура.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.