Voices – Мораме да побрзаме за да ја спасиме планетата Земја порачуваат младите

1073

earth-soil-creep-moon-lunar-surface-87009

Состојбата на земјата е зафатена од климатски промени, популацијата расте до критични бројки, наскоро се очекува да стигне до 10 билиони, се побрзо и побрзо исчезнуваат голем број на животински видови, се намалува квалитетот на почвата, има загаденост на воздухот и водата, ѓубрето од пластика, токсичните супстанции и други хормон-променувачки хемикалии пливаат во нашата вода. Овие информации се базирани на извештајот од ЈК (2019), со осврт кон животната средина и природата. Има различни движења кои се појавуваат со цел превенција на климатските промени (провери ја страната 19), но нивните акции не се доволни и луѓето од целиот свет почнуваат се повеќе да се информираат и ангажираат за состојбата на планетата. Проблемот не е тоа што луѓето собрале многу пари за реставрација на Нотр Дам; проблемот е фактот дека нема волку големо движење за помош на планетата Земја.

photo-1546712509-3ec2705dd635

Извештајот од ЈК ги групира најлошите проблеми; глобално затоплување, недостаток на животински видови, загадување на водата и воздухот, бактерии резистентни на антибиотици, деградација на почвата и уништување на шумите. Човекот ја има променето Земјата и од неа има направено нездрава средина за живот, притоа брзиот раст на популацијата може да доведе до огромни проблеми. Меѓутоа има надеж; според научниците ние имаме знаење, технологија и пари за трансформација на нашето општество со цел заштита на планетата Земја. Единственото нешто што фали е поддршката од политичките лидери, компаниите и од индивидуалците во светот. Научниците ги охрабруваат политичарите да вложуваат во комплетни системи како што е енергија и продукција на храна, како и менаџмент на отпадот. На пример, третина од храната која што се произведува завршува како отпад. Океаните се полни со отпад, поголемиот дел од пластичното ѓубре доаѓа од реките во Африка и Азија. Поларните мечки исчезнуваат затоа што се топи мразот во нивните живеалишта и пронаоѓањето на храна станува се потешко. Бројот на пчели и бумбари се повеќе се намалува, и со тоа се намалува бројот на цветови на кои што влијаат пчелите. Сообраќајната индустрија користи четвртина од светската продукција на енергија и пола од светската продукција на нафта. Кога се креираат продукти за популацијата, потребна е многу енергија и материјали како метали и хемикалии. Најголемото загадување на водухот и водата доаѓа од таму.

bas-emmen-533040-unsplash

Притоа, еден човек, како индивидуалец, може да го постави прашањето ,,Зошто јас да се трудам, кога никој не се труди? Како моите акции ќе имаат значење, кога најголемите земји во светот како Обединетите Американски држави и Кина ја загадуваат земјата, Индонезија фрла отпад во океаните, и милиони луѓе од светот не прават ништо?‘‘. Ова е пола вистина. Кина е најголемиот креатор на емисија на гасови на стаклена градина, иако се повеќе се трудат да ја сменат и подобрат таа ситуација. Не замислива количина на отпад се исфрла од земјата во океаните од Индонезија и Кина. Затоа многу често си мислиме дека нашите дела не придонесуваат на никаков начин. Рециклирањето на мало количество на пластика или штедење на потрошувачката на енергија така што пократко се тушираме или ги гасиме светлата кога не ги користиме, сите кои се трудат да живеат вака може да се исфрустрирани, меѓутоа доколку повеќето почнеме вака да живееме тогаш можеме да направиме промена.

Да помислиме на Грета Тунберг, 16 годишната девојка која го привлече вниманието кон климатските промени во Стокхолм, Шведска во 2018. Уште кога наполнила 9 години, ја сфатила заканата од климатските промени, па престанала да јаде месо и да купува непотребни продукти. Престанала да користи авиони и нејзиното влијание го пренела и на своето семејство. Организирала школски протести за климатските промени, и побарала голем број од луѓето во светот да се приклучат кон нејзината цел. Ова стана едно глобално цивилно движење кое инспирираше илјадници студенти околу светот да организираат слични аакции. Грета е од генерацијата, чиј што живот ќе биде најмногу погоден од нашите дела денес. Пораката која ја даде на климатската конференција во Полска беше многу јасна ,, Зарем не сфаќате?‘‘.

,,Не ми треба вашата надеж. Не сакам да се надевам. Сакам да почнете да паничите … и да реагирате како да ви гори куќата‘‘ –  Гретаа Тунберг.

photo-1487357298028-b07e960d15a9

Едно истраажување наречено Младински Барометар, кое било издадено претходната година, покажува дека грижата на младите за климатските промени има драстично пораснато од 2008 година, кога околу 40 проценти биле загрижени. Сега бројот е 70 проценти. Но, што можеме да нааправиме? Што би кажала Грета Тунберг? Можеби истите зборови кои ги кажа на климатската конференција, сите се важни. Денес, социјалните медиуми претставуваат моќна алатка за ширење на пораката. Некогаш нешто толку мало како споделување на објава на вашата Facebook страница, ја проширува пораката кон десет ако не и повеќе луѓе. Така да користете инспирирачки луѓе, пораки, видеа, слики и пренесете ја пораката. Можеби ќе влијаете барем на една личност за поставување на подобра иднина пред нас, па после на уште една личност, па на уште една. Продолжете да рециклирате пластика и да ги гасите светлата. Постанете промената која сакате да бидете, дури и кога се чуствувате дека тоа е малку, секоја акција е важна.

Грета Тунберг даде пример за индината во 2078, кога таа ќе наполни 75 години – ,, Кога ќе имам деца, можеби тие ќе го поминат денот со мене. Можеби тие ќе прашаат за тебе. Можеби ќе прашаат зошто ти не направи ништо кога имаше шанса“.

Селина Ниеми

Преведувачка: Маја Колеска

Извори:

https://yle.fi/uutiset/3-10642823?fbclid=IwAR3IUNWxkhn73ekSbIHnfiTtI3CBztUeBsbEFB_DRK8ssgCu8op-I0lEarw

https://yle.fi/uutiset/3-10687832

https://ilmastotieto.wordpress.com/2010/05/28/miten-ihminen-vaikuttaa-maapalloon/

https://fi.wikipedia.org/wiki/Greta_Thunberg

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.