5. јуни- Светски ден за заштита на животната средина

1708

Во 1972, во Стохолм е одржана Првата конференција на ОН за животната средина. Оттогаш 5 јуни е прогласен за Светски ден за заштита на животната средина. Под животна средина се подразбира збирот од сите надворешни фактори (биотички и абиотички) на кои е изложен еден организам. Биотички (живи) фактори се влијанијата од членовите на истиот или друг вид врз развитокот и опстанокот на единката, додека абиотички се неживите фактори – влијанијата на почвата, водата и воздухот врз организмите.

За секој фактор на животната средина, еден организам има опсег на толерирање во кој тој е способен да преживее. Овој опсег ја сочинува еколошка валенца на организмот. Различни единки или видови имаат различни опсези на поднесување за најразновидните фактори на животната средина. Промените на подносливоста кон одреден фактор се нарекуваат аклимација. Изложувањето на фактори при кои организмот се наоѓа на границата на својот опсег на поднесување, претставува стрес.

5 јуни 1968 година, е запаметен во Американската историја, како ден кога беше извршен атентат над Американскиот претседател Џон Кенеди, кој беше застрелан во Лос Анџелес од палестинецот Сирхан Сирхан и подлегна на повредите следниот ден.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.