ЗОРАН ПЕЈКОВСКИ ЈА ПОНЕСЕ И НАГРАДАТА „АНТЕВ ЗЛАТНИК“

627

Македонскиот писател Зоран Пејковски, кој веќе подолг период професионално се занимава со пишување, е добиник на наградата „АНТЕВ ЗЛАТНИК“.

               Професионалноста, а посебно во пишувањето секогаш носи резултати, само ако се насочите кон строгото и професионално пишување, кое прераснува во ангажман код кого само највредните и најпрофесионалците секогаш ги добиваат заслужените награди кои претставуваат еден поттик за одење понатаму во светот на пишуваниот збор.

Таков е случајот и со македонскиот писател Зоран Пејковски, кој долги години, односно скоро 30-на се занимава со пишување, а во последните 20-на години и професионално се посветува и кон науката и кон професионалното пишување на литература.

Како автор со над 46 книжевно драмски, поетски, сценски-драмски, прозни, преведувачки дела и скоро 25 научни дела, во кои спаѓаат и двата учебника „Драмата во стих во македонскиот театар“, учебник за студентите по драматургија, и „Патиштата на дијалогот во театарот преку Константин Сергеевич Станиславски и Бертолд Брехт, учебник за студентите по драматургија, тој припаѓа на оние писатели кои ревносно и професионално си ја извршуваат својата писателска задача, односно пишуваната и научно-образовната дејност.

Како писател кој предавал креативно пишување, потоа Историја на светска драма од Силвио Д’Амико, па драматургија и драмата во стих со македонскиот театар, неговото пишување се претвора во професионален ангажман и како асисент на познатиот македонски и светски писател и ректор на Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје, Јордан Плевнеш, така што Пејковски своите книжевни длабочини ги пронаоѓа токму во постојаното творење кое секогаш е водено од најразлични инспиративни случувања.

А дека тоа е така, говорат и најразличните информации за него најпрвин дека од институцијата Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/ France е назначен за почесен амбасадор на мирот во 2016-та година, која титула им се доделува на големите книжевни и уметнички имиња кои ја презентираат литературата од земјата од каде што потекнуваа во европски и светски рамки, со која титула овие две држави сметаат дека Пејковски македонската литература ја донел во европските и светските меридијани.

Потоа, Пејковски во 2017-та година е прогласенн за академик, како редовен член на Руската Федерација, што претставува и најмладиот академик по години, но не и по книжевен стаж, сметајќи дека неговите први драмски текстови играни се 1987 година, кој воопшто е примен во некоја академија на науките и уметностите во светот, за да пак во 2018-та година добие повеќе европски награди, како, на пример: Klemensa Janickiego од Полска, потоа Грамотата, односно Наградата од Украинскиот фонд за култура од Киев со што му е доделен и Медалот на оваа висока меѓународна награда, кој работи во рамките на Министерството за култура на Украина, потоа Грамота- Награда за литературна критика и посебен придонес во светската литература, која му ја доделува Сојузот на писателите на Украина и станува нивни почесен член, за да во истата година му се додели наградата Европски медал за поезија и уметност „Хомер“ која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел, при Европската Унија, со која награда се стекнува со титулата европски писател.

Но, кога кон овој дел на европските награди и титули му се доделуваат и македонските награди, што самиот Пејковски во една прилика истакнува дема му се најдраги и најбитни, веднаш станува јасно за каков македонски писател станува збор, кој својот габарит како мајстор на зборот постојано треба да го држи на едно исклучително високо ниво, што ќе се сложите и самите, тоа е тешко.

Па така, тој во Република Македонија ги добива наградите и призанијата, меѓу кои: „За серија информации во популаризација на книгата“ на Културно – просветната заедница на Македонија, во 1992 година; наградата „Празник на липите“, во 2012 година, која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, на истоимената Меѓународна книжевна манифестација за песната „Завештание“ која ѝ е посветена на поетесата Светлана Христова-Јоциќ,; потоа наградата „Медијала“   на „Македонија презент“ за збирката песни „Сега знам“, во 2014 година, ја добива и наградата „4-ти Ноември“ на Општината Битола, за книжевност и литература, за 2014 година, за драмскиот текст „Сите наши кодоши“ и збирката песни „Сега знам“. Потоа, во 2016 година ја добива наградата „Јован Котевски“ за збирката песни „Златна прашина“, а истата 2016 година ја добива и наградата „ЕРГО СУМ“ за популаризација и афирмација на театарскиот израз, како и наградата „Прозни мајстори“ за романот „Градот на Јужното Море“. При крајот на 2016 година од Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола ја добива наградата „Св. Климент Охридски“ за придонес во литературата и културата,

а пак во 2017-та година, локалната библиотека „Гоце Делчев“ му го доделува Признанието за најдобар автор претставен пред велешката публика за 2016-та година. Во 2018-та година пак, на анонимен конкурс ја добива престижната награда „Григор Прличев“ за најдобра необјавена поема на македонски јазик, а станува збор за поемата „Македонски Стар и Нов Завет“, воедно, во 2018-та година, тој ја добива и наградата „Орфеј“ од Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје, за збирката песни „Здивот на смртта“. Што се однесува пак до 2019-та година Зоран Пејковски ја добива наградата на Меѓународниот театарски фестивал „Театар“ во куфер“, што се одржува во Штип, како и наградата „Книжевен круг за поезија“ за збирката песни „Востаничка правда“.

Во 2020-та година Зоран Пејковски добива дури три награди, најпрвин ја добива престижната награда „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади во 2019 година, за пиесата за деца „Мали детски разговори“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, потоа на 10-ти септември тој ја добива уште еднаш наградата „Празник на липите“, која тричлената жири комисија едногласно за победничка песна ја прогласи песната „Сончевата страна на сенките“. Па како што стои во образложението на жири комисијата… „Песната „Сончевата страна на сенките“ е еден вид поетска посвета на „Празникот на липите“, во која поетот Зоран Пејковски го варира неспокојниот, непостојаниот и истовремено трепетен животен миг преку моќните лирски реминисценции низ кои ја развива идејата за значењето на сеќавањата. Во песната тие ароматично прозвучуваат во манир на „подмладени спомени“, што ја разведруваат насмевката преку асоцијативни флешови на доживеани искуства. Овие асоцијации, споделени низ сегмент од живописот на поетот преку разоткривањето на (интимниот) свет, на природата, на битието, во нивната поврзаност ја изразува сеприсутноста на радоста во сеќавањето, на меланхолијата, копнежот и болката, сплотени низ хармонични вибрации на стихот збогатен со имагинациска флуидна интуитивност.

Исказот е лирски сугестивен и хармоничен, напати спокоен и мирен, но и згуснато сензитивен, метафоричен, со посредство на кој се гради привидно спокојно дејствие, но истовремено пронижано со интензивната емоција на поетот со која воведува динамична експликација на сликите и симболите. Липовите лисја, што ги оживуваат подмладените развигорени спомени, ја откриваат сончевата страна на сенките, кои хармонично вибрираат низ лирско-елегиска дикција. Во песната се согледува суптилноста на авторот во разоткривање на есенцијалните слоеви на сопственото искуство, на доживеаните мигови низ трепетот и проблесокот на асоцијациите“…..

На 13-ти септември оваа 2020-та година Зоран Пејковски, во рамките на Меѓународната поетско – културна манифестација „Анте Поповски -Антево перо“, во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, ја добив наградата „АНТЕВ ЗЛАТНИК“ за збирката песни „Остров во окото“, па според одлуката и образложението на жири комисијата:.. „Поезијата на Зоран Пејковски, можеби од сите пристигнати ракописи најмногу потсетува на темелната поетска опсесија на Анте Поповски: прапочетокот, праматеријата и прамакедониумот. Тоа е густа, архетипска поезија за Македонија како синоним за источник на писмото, меморијата и цивилизацијата. Станува збор за оформен поет кој е константа на нашата поетска реч“.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.