„Звуците на чаршијата“-Литературата, тардицијата и духот на чаршијата

1315

Традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“ се одржува  во старото градско јадро на Старата скопска чаршија на 16, 17 и 18 септември (понеделник, вторник и среда). Целта на манифестацијата е да ја заживее чаршијата преку настани од сите жанрови, литература, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети.

 

Старото јадро е културен и духовен споменик на градот, а намерата на организаторите е да се врати духот на занаетите, барем на оние што останале до денес.

„Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација, која годинава се одржува по 13 пат, со идеја да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини. Таа придонесува кон континуираните активности на градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија.

Манифестацијата започна на 16 септември (понеделник) во 14 часот на плоштадот Скендербег со настанот „Старата скопска чаршија во делата од литературните творци“. Водител на настанот беше  младата Марија Јанчевска , а  авторот и новинар Жаклина Мучева  зборуваше за делата „Ала турка -ала франга-модата во Скопје и Битола од крајот на 19 и почеток на 20-ти век “ од дизејнерот Елена Максимовска, која првите свои инспирации ги црпела токму од занаетите како кујунџискиот, срмаџиски, ткајачкиот и чевларскиот во чаршијата и романот “Бојана на Тодор“ традиционално четиво на авторот Божана Тренческа. Сето тоа убаво прозвуче со  звуците од виолината на виолинистката Ени Вучидолова.

Настанот потсети на почетоците од датирањето на Чаршијата некаде повќе од шест милениуми , и го прави врзивното ткиво меѓу минатото и сегашноста, на градот Скопје кој и покрај се живее со полн жар и на неговите изгрејсонца и на зајдисонцата што му даваат сила од над планината Водно-беа завршните зборови на настанот, со кои модераторот и сценарист Татјана Гогоска ги поздрави присутните.

Потоа,истиот ден од 18 часот се отвори изложбата на фотографии на чаршијата, дела на Арбнора Мехмети и Зоран Шекеров на  Камениот мост.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.