Излезе зборникот “Сплоти се Македонијо”

92


Со 54 песни од актуелни македонски поети и поетеси, кои минатата и оваа година учествуваа и зедоа награди на манифестацијата “Сплоти се Македонијо”, објавен е електронски зборник, кој наскоро ќе стане и печатена книга.
Сите 54 стихови, посветени на Македонија, на родната грутка, на топлото семејно огниште, на љубовта, наидоа на силен одек во интернет просторот каде и се одвиваше оваа интернационална поетска манифестација, меѓу Македонците кои живеат на сите континенти.
-Задоволство ми е да објавам дека излезе електронскиот зборник за Интернационалната поетска манифестација “Сплоти се Македонијо” и веќе подготвена за печатење во Печатница. Им се заблагодарувам на сите учесници, на сите покровители на сите кои помогнаа, на Македонија, на дијаспората на сите Македонци во светот. Честитки за наградените и учесниците благодарност до целата екипа графичките дизајнери благодарност до сите, се што ветивме исполнувме благодарност до жири комисијата. На сите ви посакувам големи успеси, објави организаторот на манифестацијата, Симе Младеновски автор и извршен продуцент на “Лица и дела”, емисија под чие лого се одвиваше и оваа манифестација.
Изборое направен не само од наградените стохотворби, туку и од оние кои жирито сметале дека се валитетни. Жирито годинава беше во состав Златко Тимковски, професор доктор од Лос Анџелес, Бранко Николовски текстописец, Соња Манасиевска- Конеска поетеса, Мери Тодоровa Младеновска – магистер по комуникологија, македонистиката и уредник и водител на “Лица и дела”, и Симе Младеновски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.