„Книга за Анте“ од Кристина Николовска ќе биде промовирана во Салон 19,19

1461

Во Културно-Информативен Центар – Скопје, на 16.05 (четврток) ќе биде промовиранао делото  ”Книга за Анте” од Кристина Николовска.

Книгата ќе ја промовираат, проф.др.Венко Андоновски и проф. др.Весна Мојсова Чепишевска. Приказите и рецензиите за книгата ќе бидат дополнети со музичка изведба на клавир од Глигор Гелебешев и  на хармоника со Филип Божиновски.

Кристина Николовска е писател, универзитетски професор, теоретичар на литературата, литературен критичар, есеист, поет, антологичар, експерт за креативна култура во односи со јавноста, менаџер на кампањи. Автор е на книги: поезија, теорија на литературата, литературна критика, есеистика, толкувања, беседи, монографии и филозофски разговори.

Промоцијата ќе се одржи во Салон 19,19 од 19 ,19 часот, а водител на вечерта ќе биде артистот Дејан Лилиќ.

.

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.