21-то издание на Летниот регионален универзитет во Струга

678

Во понеделник, 1 јули 2019 година, во 18 часот, во хотелот „Дрим”, официјално ќе биде отворено 21-то издание на Летниот регионален универзитет во Струга.

Летниот регионален универзитет се организира од страна на Францускиот институт во Скопје, во соработка со Францускиoт институт во Србија и Амбасадите на Франција во Албанија и во Косово и претставува значајна обука  за професорите по и на француски јазик на Балканот и во Југоисточна Европа.

Главната цел на оваа обука е да се зголеми визибилитетот на францускиот јазик, да се засили неговото место во образовниот ситем на земјите учеснички на обуката и да создаде поврзаност и размени помеѓу професионалците од сите земји.

Оваа година, Летниот универзитет ќе одржуи од 1 до 5 јули 2019 година, во хотелот „Дрим”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.