27 март-Светски ден на театарот

823

Оваа година по повод Светскиот ден на театарот 27 март, пораки испратија светскиот театарски режисер и драмски автор Карлос Селдран и македонскиот драмски автор Југослав Петровски.

Карлос Селдран

 

Селдран во својата порака вели дека театарската традиција е хоризонтална и никој не може да потврди дека театарот живее во било кој центар од светот, во било кој град или привилегирана зграда. Театарот, додава Селдран, се шири низ една невидлива географија. Едноставно тој кажува дека „Театарот е држава сама за себе голема територија која го покрива целиот свет“. Тоа била неговата пресудна мисла која го определила со решителност и некое своевидно остварување на слободата. Театарот прави да ги пропатуваш сите времиња и меридијани а да не се поместиш од местото каде што си. Тоа е своевидна слобода во постоењето. Публиката е онаму каде што живееш ти. Ги имаш на своја страна колегите кои што ти се потребни. Таму, надвор од куќата, ја имаш целата таа матна, непробојна дневна реалност. Потоа, ти работиш од таа очигледна неподвижност за да го формираш најголемото патување воопшто, да ја повториш Одисејата, патувањето на Аргонаутите; ти си неподвижен патник кој не прекинува да ја забрзува густината и ригидноста на својот реален свет. Твоето патување е пат кон мигот, кон моментот, кон неповторливата средба пред твоите врсници. Твоето патување е кон нив, кон нивното срце, кон нивната субјективност. Ти патуваш во нив самите, во нивните емоции, во нивните сеќавања кои те будат и те мобилизираат“, истакнува Селдран во пораката.

Авторот на македонската порака оценува дека театарот се уште не е мртов, но оти од ден на ден полека умира бидејќи недостига катарзата.

„Најдобра театарска претстава е онаа претстава што на крајот, секој од гледачите, дома, во себе, ќе си понесе сосема поинаков „петти елемент“. Што би значело дека најдобра претстава е онаа кога секој дома ќе си замине со потполно различна, само своја катарза, само свој „петти елемент“, порачува Петровски во својата порака.

Светскиот ден на театарот се одбележува секоја година на 27 март, а театарските претстави таа вечер почнуваат со читање на светската и националната порака за значењето на театарот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.