42 издание на Скопско лето со “Отело“ од Шекспир на 29 јуни

337

Македонскиот народен театар во рамки на годинашното 42. издание на манифестација „Скопско лето” ќе учествува со две претстави.  Меѓународниот проект „Отело” од Вилијам Шекспир, во режија на Нина Николиќ ќе се одигра на големата сцена во МНТ со почеток во 20 часот. 

Претставата е копродукција меѓу МНТ, БНП, Зеница ― БиХ и Перипетија продукција ― Скопје, а играат актери од двете земји: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ-Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед.

Сценографското решение е на Вишња Вујовиќ, Ивана Каранфиловска-Угуровска е костимограф, а на сценските движења работеше Димитриос Сотириу, текстот го преведоа Маја Трајаноска-Ивановска и Зина Агиќ, Крис Јегер работеше на дизајнот на светло, а композитор на музиката е Дуке Бојаџиев.

Втората претстава е комуникациската современа музичка драма „Само глас” од авторката Нина Плавањац,  во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото.

Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ. Оваа претстава е закажана за 7 јули.

Билетите за изведбите се пуштени во продажба  преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.