Активности за објавениот Конкурс за надобар млад преведувач „Вавилон“ 2021,се во тек

332

Делегацијата на ЕУ и ЗПРМ во септември 2020 година, го објавија Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2021 кој завршува на 4 април 2021 година.
Ова е осмиот циклус од Наградата, во чии рамки ЗПРМ Организира промотивни и
едукативни активности.
До крајот на годината ќе се одржат две  информативни онлајн работилници за Наградата (на 25. ноември и 10. декември), на кои учесниците ќе може да се информираат за главните критериуми за учество, процесот на оценување, придобивките од учеството и освојувањето на наградата. Потоа ќе следи дискусија со искусни книжевни преведувачи на којашто ќе бидат споделени  искуства и корисни совети на што треба да се внимава при преведувањето.

Исто така детално ќе биде објаснето како студентите да изберат дело што ги
исполнува критериумите за конкурсот.

По презентацијата и дискусијата, учесниците ќе имаат можност да преведат текст во  координација со искусен преведувач од конкретната јазична комбинација што тие ја избрале. Сите новини во врска со самите работилници тековно ќе се објавуваат на
настанот на Фејсбук https://www.facebook.com/events/2691328617848877/.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.