Седмо издание на „Фестивал на тркала“ 2020

421

Дванаесет европски филмови се прикажуваат во рамки на седмото издание на „Фестивал на тркала“. Фестивалските тркала тргнаа од 12 ноември онлајн на посебна фестивалска платформа на Сinesquare.net и ќе бидат достапни до 19 ноември. Годинава во проширен концепт фестивалот има четири програми: игран филм, документарен филм, посебен фокус на француската режисерка на документарен филм Клер Симон на Меѓународниот фестивал на документарен филм Амстердам (IDFA), како и програма за најмладите.

Фокус играни:

  1. Сонот на Катрина (Katrina’s Dream)
  2. Море од Жито (Mare di Grano)
  3. Насмевка (Smile)
  4. Гулабот (The Pigeon)
  5. Бракот (The Marriage)

Фокус документарни:

  1. Каде си Жоао Жилберто? (Where Are You Joao Gilberto?)
  2. Крис Швајцарецот (Chris The Swiss)

Фокус Клер Симон:

  1. Приемен испит (The Graduation)
  2. Младешка самотија (Young Solitude)

Фокус детски:

  1. Кариран нинџа (Checkered Ninja)
  2. Хакер (Hacker)
  3. Улица на надежта (Mercy Street)

Филмските тркала продолжуваат да се движат по патиштата низ земјава овозможувајќи им на децата и на возрасните низ републиката причина за уживање во квалитетен филм од најновата европска кинематографија.  Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје со поддршка од Министерството за култура.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.