Аплауз за Славиша Кајевски!

143

Силен аплауз во знак на почит и љубов кон актерот Славиша Кајевски, синоќа на сам почеток на претставата “, Работи за кои не зборуваме” побара млад актер, симнувајќи се меѓу сцената и публиката, а групата млади актери-изведувачи својата синоќешна изведба му ја посветија на актерот кон неодамна го напушти овој свет.
Претставата е во изведба на “Вондерленд театар”, Скопје, во режија: Нела Витошевиќ, се одигра во МНТ.
Актерите и македонската јавност деновиве се зборува со Кајевски. Тој е роден на 01 февруари 1982 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 година. Од 2010 година беше актер во Македонски народен театар – Скопје.
Беше Клег во „Бесачи”, Ленокс во „Макбет”, Семјон Семјеевич Медведенко во „Галеб”, Миле Прлиќ од „Ничија земја”, Императорот во „Авантурите на Аладин”, Еснафот во „Силјан штркот шанца”, Таткото во „Соларис”, Сергеј Александрович во „Животот е прекрасен”, „Тероризам”, Агамемнон и Еврипид во „Електра”, Таткото Тил во „Сината птица”, Озрик и Цар Едип во „Аферата Елсинор”, Готфрид Најцзекер во „Вечната куќа”, Грен во „Подемот и падот на кабарето”, „Декамерон”, „Животот е сон”, Јован и Анѓеле во „Парите се отепувачка”, Корубин во „Свадбата на Фигаро”, Тибалт во „Ромео и Џулиета”, „Бесови”, „Немој ти мене Фауст”, „Троил и Кресида”, „Суд”, „Лет во три глави”, Рака во „Госпоѓа Министерка”, Џими во „Вејка на ветрот”, Гласникот во „Мара/САД”, Маро Мароев во „Дундо Марое”, Морис во „Дракула”…
Глумеше Фантом во филмот „Хомо “, Енди Гомез во „Баагхи”, Сурла во филмот „Еј”, Пики во „Црвената соба”, Павел Киров во „Последните Македонци”, Гласот во „Скопје Ремиксд”, Малиот во „Ова не е американски филм”, Јане во „Некои поинакви приказни”, Павел во „Превртено”, Војникот во „Караула”, Момчето со маска во „Бал-кан-кан” и друго.
Работи за кои не зборуваме е театарска претстава, која преку интимни и емотивни приказни, сака да им даде глас на општествените проблемите за кои не се зборува. Преку низата вистинити приказни, во кои секој може лесно да се пронајде, претставата отвора прашања за патријархалното уредување во регионот, но и пошироко. Низ повеќе сцени инспирирани од лични монолози на актерите, анонимни искуства на лица добиени преку распишан повик, како и документарен медиумски материјал, претстава ги става акцент на проблемите поврзани со депресијата, траумите од детство, дискриминацијата, злоставувањето и насилството, религијата, агресијата и нетолеранцијата како и разни психолошки проблеми и однесувања со кои поединецот секојдневно се соочува. На трагикомичен начин претставата прави критика на балканското патријархално милје, но истовремено провоцира и разговор за промена во општеството.
Аплауз!

(сцена од претставата, извор МКЦ)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.