Аудиција за професионални актери, аматери и љубители на театарот

61

Во рамките на Програмата за работа на ЈОУ Дом на култура  „Македонија“- Гевгелија, а за поставување театарска претстава од сопствена продукција, Домот објави повик за пријава на  професионални актери, актери аматери и љубители на театарот  за учество на аудиција, која ќе се одржи 19 април, 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.

Заинтересираните треба да пратат пријава за учество на  аудицијата, со биографија, во која ќе биде и наведено искуството на сцена или мотивационо писмо за желбата за глумење на следнава е- маил адреса: [email protected].

Се работи за поставување на театарската претстава „Bad сарма“, чиј автор на драмскиот текст е Стефан Марковски, а ќе ја режира струмичкиот актер, Васил Михаил.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.