АПРИЛИЈАДА 2023: Ќе се избираат најдобри маски

26
Гевгелија, 01.04.2023
Во пресрет на Први Април, вчера, во Гевгелија се одбележуваше Денот на шегата со традиционалната манифестација  „Априлијада“ во огранизација на ЈОУ Пинерски дом „Јосип Броз  Тито“.
Низ улиците во Гевгелија дефилираа дечињата од ЈОУДГ  „Детска радост“ и клоновите и учениците од I до V одделение, презентирајќи ги групните маски на платото на градскиот плоштад пред тричлената жири- комисијата. Резултатите од најкреативните  групни маски ќе бидат објавени во текот на наредната недела.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.