Балетската претстава “Гранд хотел” доаѓа во Скопје

127

Најгледаната современа балетска претстава во Белград „ГРАНД ХОТЕЛ“ во продукција на „Мадленианум“ опера и театар,ќе се одржи на 21 ноемврун (недела) со почеток во 20 часот во Салонот на Националната опера и балет во Скопје, во рамки на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021.

Претставата е во кореографија на Александар Илиќ, а во режија на Александар Николиќ. Композитор е Ана Крстајиќ, костимограф Александра Каровиќ, сценограф е Жорж Драушник, додека асистент сценограф е Рања Жиропаџа. Играат Мојца Мајцен, Огњен Вучиниќ, Бранко Митровиќ и Јакша Филиповиќ.

 Билетите за претставата се во продажба на karti.com.mk, а истите ќе може да се купат пред почетокот на претставата на благајната на Националната опера и балет.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.