Балетски триптих во чест на Ацо Шопов

102

„МОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО“
(балетски триптих)
Премиера 20.12.2023, 20.00 часот
Реприза 22.12.2023, 20.00 часот

Националната опера и балет

„Молитви на моето тело“ е балетска претстава (триптих) инспирирана од циклусот поезија со истоимениот наслов на Ацо Шопов по повод одбележување 100 години од раѓањето на поетот.
90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од балетските првенци, солисти и ансамблот на Националната опера и балет.
НУ Национална опера и балет за 2023 година не само што се вклучи во чествувањето на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, туку преку претставата ,„Молитви на моето тело“ ќе го заокружи овој јубилеј. Поезијата на Шопов односно истоимениот циклусот поезија ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници.
Со овој чин, НУ Национална опера и балет се вклучува во останатите настани кои ќе бидат организирани на национално ниво и од страна на UNESCO во чест на македонскиот поет по повод 100-годишниот јубилеј во 2023 година.

Креативен тим:
Идеја за проект и костимограф: Александар Ношпал
Драматург: Соња Здравкова- Џепароска
Кореографи: Ивана Коцевска, Адријана Данчевска, Саша Евтимова
Композитори: Дарија Андовска, Александар Гроздановски, Александар Пејовски
Сценограф: Михајло Стојановски; Визуелен уметник: Флоријан Чанга (Р.Албанија); Монтажа на филм: Доријан Миловановиќ ;Мултимедија и графички дизајн: Лазе Трипков; Поетско читање: Никола Ристановски.
Повеќе информации на: www.operabalet.mk
Билетарница: 078 426 536 и 02 3118 451
Онлајн: www.operabalet.mk

Europe House Skopje

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.